Контакт

Култура

Комеморативна седница во чест на проф. м-р Милан Фирфов

Објавено пред

Комеморативна седница во чест на музикологот Милан Фирфов, кој почина во саботата, ќе се одржи во среда во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на седницата, за животот и делото на Милан Фирфов ќе говори Деканот на УКИМ ФМУ проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска и ќе биде прикажан краток документарен филм за уметничката, педагошката и културната дејност на Милан Фирфов изработен од ИРАМ.Милан Фирфов е роден во 1943 година во Скопје во семејство на истакнатите музички уметници, етномузикологот и композитор Живко Фирфов и првенката на Македонската опера, сопранот Данка Фирфова. Завршил Педагошка академија во Скопје во 1963 година, на групата музичко воспитание, дипломирал на одделот за пијано (1969) во класата на Андреј Прегер, соло пеење (1970) во класата на Никола Цвејиќ и диригирање (1980) во класата на Душан Сковран и Станко Шепиќ , а магистрирал на одделот за соло пеење (1978) во класата на Зденка Зикова на Факултетот за музичка уметност во Белград. Како сестран уметник делувал во повеќе области: соло пеење, пијано, диригирање, музичка критика, педагогија и општествени дејности.Милан Фирфов бележи бројни настапи низ Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Шпанија и Холандија. Како солист баритон настапувал со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар на Радио Телевизија Скопје, Детскиот хор „Пиколо“, Хорот на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Нишкиот симфониски оркестар и ансамблот „Света Софија“.  Соработувал со диригентите Фимчо Муратовски, Ангел Шурев, Александар Лековски, Тома Прошев, Димитрије Бужаровски, Томислав Шопов, Сандро Занинович и Маријан Фајдига. Најзначајните успеси како репродуктивен уметник Милан Фирфов ги остварува на полето на вокалните рецитали. Неговиот широк репертоар содржи стари мајстори, германски лид, француска соло песна, творештво на современите македонски композитори и останатите современи автори. Во 1972 година ја започнува соработката со музичкиот уметник Димитрије Бужаровски кој се јавува како негов пијано соработник на огромен број настапи.  Како резултат на оваа соработка Бужаровски создава повеќе циклуси за глас и пијано чии први изведби ги доживуваат на концертите со Фирфов. Поголемиот дел од рециталниот пеачки репертоар на Фирфов е снимен во Музичката продукција на МРТ. Како диригент настапувал со Хорот на Операта при МНТ, Хорот на Музичката младина на Македонија, Хорот на Музичко-балетскиот училишен центар, Хорот „Мирче Ацев“, Хорот на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Хорот на Македонската радио телевизија и на машкиот октет „Хорот на Ангелите“, ансамбл формиран од самиот Фирфов во црквата Св. Архангел Михаил во Скопје во 1993 година. Покрај ова, во повеќе наврати диригирал со Македонската филхармонија, како и со Нишкиот симфониски оркестар и Симфонискиот оркестар од Суботица. Тој е основоположник и диригент на камерниот оркестар „Музикум Академикум“ (1996-2000).Како оркестарски диригент соработувал со: Ги Туврон – труба, Франција, Рита Кинка – пијано, Србија, Ласло Варга – виолончело, Будимпешта, Благоја Ангеловски – труба, Михајло Докузов – хорна, Михајло Куфојанакис – виолина, Васил Атанасов – обоа, Живко Фирфов – виолончело, Милка Ефтимова – мецосопран, Марија Муратовска – сопран, Нина Среброва – пијано, Гордана Јосифова – обоа, Марија Малинова – флејта и други.Како оперски диригент, Милан Фирфов има реализирано над 40 изведби на „Шеќерната приказна” – музичката игра за деца од Димитрије Бужаровски, ја поставува и диригира „Приказна за штурецот и мравката” од Сотир Голабовски, а ја диригира и операта “Илинден” од Кирил Македонски.Првиот концертен настап Милан Фирфов го реализирал како пијанист во 1967 година на концерт организиран од Музичката младина на Македонија. Во 1970 година Фирфов настапил како пијано соработник на својата мајка, оперската певица Данка Фирфова, а како солист пијанист реализирал и снимки за Македонското радио.Во периодот од 1977 до 1981 Милан Фирфов се јавува како рецензент во весникот „Нова Македонија” каде има објавено 104 рецензии за музичките настани во Македонија.Милан Фирфов го проведува својот работен век  во Факултетот за музичка уметност во Скопје од 1969 година до неговото пензионирање во 2005 гдоина, каде предава: пијано, свирење хорски партитури, свирење оркестарски партитури, хорско пеење и соло пеење. Тој е автор на Прирачникот за свирење хорски партитури во Це клучеви.Особено забележителна е неговата класа по соло пеење, во која се образувале Никола Китановски – тенор, Марјан Николовски – тенор, Магдалена Митевска – сопран, Билен Еминов – тенор, Александра Дукаетова – мецосопран, Лазар Стевановиќ – баритон, Ернест Ибраимовски – баритон, Марјан Стојановски – тенор и Марија Наумовска – сопран.Покрај ова Милан Фирфов бил професор и на Факултетот за драмска уметност во Скопје, МБУЦ “Илија Николовски Луј” и Факултетот за уметности во Приштина.Во текот на своето 40-годишно делување Милан Фирфов е и особено активен на општествен план остварувајќи повее функции во Музичката младина на Македонија, Здружението на музичките уметници на Македонија, Тетовските Хорски Одзиви, фестивалот Охридско лето, Македонскиот музички совет, Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Факултетот за музичка уметност во Скопје.Милан Фирфов почина на 28 април 2012 година во Скопје. /крај/со/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.

dobivaj vesti na viber

Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.

Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.

Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.

„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.

Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.

Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија

Објавено пред

Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.

dobivaj vesti na viber

Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.

Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.

Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.

Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.

Целосна ПРОГРАМА

Прикажи повеќе...

Култура

Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

Објавено пред

Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.

Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија3 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија4 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ6 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет7 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија8 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија9 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ9 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа10 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет10 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет11 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет12 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа12 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија12 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија12 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија24 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...