Македонија
УНХЦР: Жените бегалци се жртви на сексуално и родово насилство
Умо (измислено име на жена бегалка, заради заштита нејзиниот идентитет), млада жена од Супсахарска Африка, бега од прогон поради кој незиниот зет е мртов, а нејзината сестра исчезната. Плашејќи се за животот, таа започнала опасно и тешко патување кон Европа, каде што се надева дека ќе најде азил и безбедност.
За време на патувањето до Грција, Умо била принудена двапати да се вклучи во трансакциски секс за да си обезбеди качување на брод и лажен пасош. По пристигнувањето на грчки остров, спиела на отворено без покрив над глава, приватност или пристап до помош. „Се плашам дека ќе полудам“, признава таа.Со примерот за оваа жена хуманитарните организации предупредуваат дека жените бегалки се жртви на сексуално и родово насилство. Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Комисијата за жени-бегалци (ВРЦ) се загрижени за тешките ризици на жените и девојките-бегалци и мигранти во движење низ Европа, како што се Умо и другите жени.Тешките зимски услови значат дека помалку луѓето ќе ризикуваат да патуваат по море за да стигнат до Европа овој месец отколку претходните месеци. Сепак, секој ден, сè уште пристигнуваат просечно по 2.000 луѓе. И бидејќи владите спроведуваат ограничувања и ги зајакнуваат граничните контроли, приемно-транзитните објекти може да се преполнат, и напнатоста во нив да порасне, зголемувајќи го ризикот за жените и девојките. Исто така, бегалците и мигрантите, од очај, може да се решат на поопасни патишта во рацете на шверцери, предупредуваат од УНХЦР.Заклучно со 15 јануари 2016 година, нешто повеќе од 55 отсто од оние кои пристигнуваат се жени и деца, во споредба со само 27 отсто од јуни 2015 година. Со хуманитарниот одговор долж рутите во источниот Медитеран и низ Западен Балкан, приоритет се става врз внесување на сексуалното и родовото насилство и негова превенција во сите хуманитарни активности. Меѓутоа, капацитетот за превенција, идентификација и соодветен одговор во голема мера зависи од одделните држави и од агенциите на Европската унија за преземање одговорност и соодветни мерки.УНХЦР, УНФПА и ВРЦ спроведоа заедничка теренска проценка на ризиците за жените и девојките-бегалци и мигранти во Грција и во поранешната југословенска Република Македонија, во ноември 2015 година. Како што се наведува во подоцнежниот извештај од терен: „Жените без машка придружба кои патуваат сами или со деца, бремените жени и доилките, адолесцентните девојки, децата без придружба, децата кои рано стапиле во брак – понекогаш и самите со новороденчиња – лицата со попреченост, како и постарите мажи и жени се меѓу оние кои се особено изложени на ризик и за нив е потребен координиран и ефективен одговор на заштита. „Овој заеднички потфат е прв меѓу неколкуте теренски мисии и активности за профилирање, кои агенциите за помош и застапување ги спроведуваат со цел точно да се проценат проблемите на терен и да се препорачаат клучни акции за нивно решавање. Многу жени и девојки-бегалци и мигранти веќе биле изложени на разни форми на сексуално и родово насилство во земјата на потекло, при првиот азил или долж патувањето до, и во Европа. Некои од жените интервјуирани во мисијата велат дека биле принудени да се вклучат во трансакциски секс за да „платат за“ патните документи или за патувањето. Некои жени и девојки толку многу не сакаат да го одложат своето и патувањето на семејството што одбиваат да пријават злосторства на сексуално и родово насилство или да побараат лекарска помош.„Здравјето и правата на жртвите на војна и прогон, особено на жените и адолесцентните девојки, не треба при хуманитарниот одговор да се третираат отпосле. УНФПА работи со партнерите на обезбедување жените-бегалци и мигранти да имаат пристап до услуги на сексуално и репродуктивно здравје, и на превенирање и одговор на родовото насилство,“ вели Бабатунде Осотимехин, извршен директор на УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации.„Многу жени и девојки кои патуваат сами се целосно изложени, лишени од заштитата на семејството или заедницата“, вели Винсент Кошетел, директор на Бирото на УНХЦР за Европа. „Па дури и оние кои патуваат со семејството често се ранливи на злоставување. Честопати, тие не ги пријавуваат злосторствата и затоа не ја добиваат потребната поддршка. Некои жени рекоа дека дури и се омажиле од очај.“„Поради тоа што приемните објекти во Европа не се подигнати за да се спречи или да се одговори на сексуалното и родовото насилство, жените и девојките не ја добиваат заштитата што им е потребна и што ја заслужуваат од овој хуманитарен одговор“, вели Сара Коста, извршен директор на Комисијата за жени-бегалци. „Треба да се заложиме за интервенции кои знаеме дека ќе помогнат, вклучувајќи и распоредување на експерти за сексуално и родово насилство долж рутата.“ Во заедничката мисија беше откриено дека сегашниот одговор од страна на владите, хуманитарните актери, институциите и агенциите на ЕУ, како и од граѓанските организации, е несоодветен и не успева да ги спречи и да одговори на опасноста, експлоатацијата и повеќето форми на сексуално и родово насилство со кои се соочуваат жените и девојките низ цела Европа. На пример, и покрај обидите на УНХЦР и партнерите да обезбедат добро осветлени и родово поделени приемни објекти и засолништа, многу од нив немаат приватни простори со безбедна вода, канализација и здравствени погодности, како и површини за спиење на жените и децата, изложувајќи ги на потенцијални или натамошни ризици од сексуално и родово насилство. Во заедничката проценка беше забележана потребата граѓанските организации и хуманитарните партнери да ги интегрираат превенцијата и одговорот на сексуалното и родовото насилство во сите сектори, како што се здравствено-санитарните погодности, засолништата, здравјето и сл., како и да обезбедат правна помош и психо-социјална поддршка. Во извештајот на владите и агенциите на ЕУ им се препорачува, воспоставување на систем за координиран одговор во и надвор од границите со кој се штитат жените и девојките, препознавање на ризиците во заштитата и внесување персонал и процедури заради конкретно спречување, откривање и одговор на сексуалното и родовото насилство, обезбедување одговор на сексуалното и родовото насилство со кој се прифаќа дека жените нема да застанат за да го пријават насилството или за да пристапат до услуги и обезбедување законски патишта до заштита, особено за жените, децата и жртвите на сексуално и родово насилство, вклучувајќи и ефективно семејно обединување и давање приоритет на овие бегалци со специфични потреби при можностите за релокација и преселување./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје
Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната магија во главниот град.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, им се заблагодари на скопјани, особено на најмладите, за масовното присуство, радоста и позитивната енергија што, како што наведе, заеднички ја споделиле на настанот.
„По години сивило, Скопје повторно блесна“, порача Ѓоргиевски, додавајќи дека со оваа церемонија градот направил значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, преку создавање настани што носат заедништво и радост за сите генерации.
Градоначалникот оцени дека оваа вечер ќе остане запишана и ќе прерасне во убава традиција, упатувајќи благодарност до сите граѓани што со своето присуство ја направиле ноќта посебна.
„Време е Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина“, порача Ѓоргиевски.
Со свеченото украсување и отворањето на Божиќниот маркет, Скопје официјално влезе во празничниот период. Ѓоргиевски претходно денес најави повеќе настани во таа насока.
Во периодот од 15 до 31 декември секојдневно од 18 часот ќе има празнична програма со музички настапи, диџеј сетови уметнички изведби и бројни изненадувања. Секој викенд од 12 до 14 часот содржините се целосно посветени на најмладите со анимации, креативни работилници, интерактивни активности и празнични изненадувања.
„Ова е почеток на нешто ново, магично и возбудливо за нашиот град. Првпат во историјата Скопје ќе ја дочека новата 2026 година со вистинска новогодишна зимска бајка. Настан кој ги обединува сите генерации од најмладите до највозрасните заедно се семејствата, пријателите, сограѓаните. Скопје конечно ќе покаже дека може да биде весел, модерен и динамичен град, град кој наликува на светска метропола во срцето на Балканот“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
Централниот дел од новогодишната програма започнува на 27 период во кој градоначалникот Ѓорѓиевски смета дека Скопје ќе живее во полн празничен ритам. Напладне на Плоштад Македонија ќе дојде дедо Мраз со подароци и изненадувања за сите присутни.
Посебна можност во празничните денови Град Скопје ќе им даде на талентираните средношколци.
„Публиката ќе има можност да ги слушне најталентираните скопски средношколци кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови. Во програмата се вклучени сите средни училишта на градот Скопје како дел од заложбата за поттикнување на младинската креативност и активно учество во културниот живот на нашиот град. Ги поканувам сите граѓани, сите семејства и посетители заедно да ја започнеме новата традиција и да бидат сите дел од новогодишната магија создавајќи Скопје исполнето со светлина, радост и позитивна енергија“, повика градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека имал само една желба околу дочекот, забавата да ја направам домашни музички ѕвезди, па за дочекот се најавени Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огњан Здравковски, Куку Леле, Лара, Пајак, Два Бона и Тина Перовска.
Зимската бајка Град Скопје ја организира со финансиска поддршка од Државната лотарија на Македонија.
Македонија
Првите подводни археолошки истражувања во Преспанското Езеро открија редок органски материјал
Преспанското Езеро годинава е во фокусот на значаен археолошки настан, откако за првпат во овој регион беа реализирани подводни археолошки истражувања, кои донесоа исклучително вредни откритија за културното наследство на Северна Македонија.
Истражувањата се спроведуваат од НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам „Љубојно“, во рамките на проектот ACT4PRESPA. Целта е идентификација, документација и заштита на археолошките богатства во и околу Преспанското Езеро.
Во првите две фази, стручен тим спроведе рекогносцирање на македонскиот дел од преспанското крајбрежје, од границата со Република Грција до границата со Република Албанија. При тоа беа евидентирани и документирани 11 археолошки локалитети. Како најзначаен се издвојува локалитетот во близина на селото Наколец, каде што започнаа сондажни археолошки истражувања, реализирани во два циклуси.
„Ова е исклучително значаен момент за Преспа. За првпат имаме можност да навлеземе во археологијата на езерото и да откриеме слоеви од минатото кои досега беа целосно непознати“, изјави Орданче Петров, раководител на тимот за подводна археологија.
Поради повлекувањето на нивото на езерото, дел од локалитетите излегоа на копно, што овозможи детални сондажни истражувања. На локалитетот кај село Наколец е откриен дел заштитен со дрвена палисада, како и голем број движни археолошки предмети. Особено значајно е откривањето на предмети изработени од органски материјали – дрвени алатки, рачки, чешли и конструктивни елементи.
Станува збор за прв и засега единствен пример на зачувани органски материјали од археолошки локалитет во Македонија, датиран од крајот на XIII до крајот на XIV век. Локалитетот кај Наколец претставува и прв познат пример на благороднички имот во македонската археологија од XIV век.
„Зачувувањето на органски материјали е навистина невообичаено. Милот и тињата на езерото создаваат средина без кислород која ги штити објектите од распаѓање, што ни овозможува уникатен увид во минатото“, објаснува Петров.
Првичните анализи укажуваат дека средновековните жители на Преспа претежно се занимавале со земјоделство, а не со риболов, што е неочекувано со оглед на близината на езерото. Податоците, исто така, сугерираат дека Преспанското Езеро во минатото било значително помало.
„Исклучителните наоди од истражувањата кај село Наколец се од непроценлива важност не само за македонската, туку и за балканската и европската археологија. Тие го збогатуваат културното наследство на Преспа и претставуваат значаен потенцијал за развој на културниот туризам во регионот“, изјави д-р Мери Стојанова, координатор на проектот ACT4PRESPA од НУ Завод и музеј – Битола.
Керамичките и металните предмети се депонирани во Завод и музеј – Битола, додека органските материјали се испратени на специјализирани конзерваторски истражувања во Лајбниц-центарот за археологија во Германија. Процесот се очекува да трае најмалку една година, по што предметите ќе бидат презентирани пред јавноста.
Истражувањата се реализираат со активна поддршка од локалната заедница, која во повеќе наврати пријавувала пронајдоци и учествувала во заштитата на локалитетите.
Проектот ACT4PRESPA се спроведува во рамките на програмата на Европската Унија за одржлив развој на регионот на Преспанското Езеро, преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој.
Македонија
Дел од Општина Центар утре без вода поради уличен дефект
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 16 декември 2025 година (вторник), поради уличен дефект на булеварот „Св. Климент Охридски“, спроти Соборниот храм, ќе има прекин на водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до паркингот ЈАТ.
Прекинот е најавен во периодот од 08:30 часот до завршување на санацијата на дефектот, соопштуваат од претпријатието.
Засегнато подрачје е Општина Центар.

