Македонија
Во сабота дожд, од недела пад на температурите
До крајот на работната седмица нè очекува топло и стабилно време, за во сабота метеоролозите најавуваат дожд, а во недела пад на температурите до 15 степени Целзиусови.
До крајот на работната недела ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво
Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, познат како Договорот од Преспа.
„Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, Отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД“, велат од МНР.
Повикуваат на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери.
Од тука додаваат дека задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата.
Македонија
Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со Договорот од Преспа, пишуваат утрово грчките медиуми.
„Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорите. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнување предизвици. Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече својата земја со друго име е незаконска и недозволива иницијатива. Акт со кој се крши Договорот од Преспа и самиот Устав на нејзината држава. Сепак, поткопувајќи ја нејзината иднина, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нагласува Мицотакис во својот пост на Фејсбук.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во објава на Х, го опиша фактот што новата претседателка на Северна Македонија не го употреби уставното име на земјата за време на церемонија на полагање заклетва како многу разочарувачки.
Congratulations to the new President of North Macedonia, Gordana Siljanovska-Davkova.
I look forward to working with you on advancing 🇲🇰 path towards the EU, through implementation of reforms and commitments.
The future of North Macedonia & the Western Balkans is in 🇪🇺.…
— Charles Michel (@CharlesMichel) May 12, 2024
Скопје
Без струја корисници од село Долно Лисиче
Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.