Македонија
Предлог-законот за медиуми стигна во Собрание, забелешки за нетранспарентноста
Предлогот на закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции со кој се уредуваат начинот и условите за реализација на активностите на јавно информирање од страна на јавните институции во целосна или доминантна државна сопственост, постапката за реализација и начинот на распределбата на буџетoт за кампањи за чија реализација се предвидени над 100.000 евра во денарска противвредност, како и начинот на известување на Агенцијата за реализираните кампањи во претходната година, стигна во Собрание.
Според предлог законот Јавните институции се должни да работат јавно и транспарентно и да ги информираат граѓаните за својата тековна работа и своите законски надлежности преку објавување на јавни соопштенија до медиумите, преку организирање на јавни настани, настапи и други некомерцијални активности, како и преку објавување на кампањи на програмата на јавниот радиодифузен сервис. По исклучок , заради заштита и унапредување на јавното информирање поврзано со јавниот интерес, јавните институции реализираат кампањи кои треба да бидат оправдани, презентирани на соодветен начин, објективни и политички неутрални.Здружението на новинари и партиите реагираат дека повторно, на нетранспарентен начин е напишан новиот предлог-закон, без претходна јавна дебата со засегнатите страни, поради што им е скратена можноста да интервенираат во него или да дадат свои сугестии.Од друга страна пак, Министерството за информатичко општество и администрација, организираше брифинг со претставници на Здружението на новинари, во понеделник, на кој министерката Марта Арсовска Томовска, го претстави Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.Здружението одби да учествува во материјална расправа за концептот на законот, поради лошо организираниот состанок од Министерството, имeно како што појасни претседателот Насер Селамни, законот на веб страната на Собранието беше објавен непосредно пред средбата на која, пак, не беа поканети сите засегнати страни. „Баравме, но не добивме објаснување зошто на средбата не се поканети колегите од Новинарскиот синдикат, Советот на етика, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и други“, рече Селмани.Дополнително, појасни Селмани, министерката немала одговор дали овој предлог закон е резултат на преговорите на политичките партии потписници на Пржинскиот договор или е само на владините партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и дали гаранторите на договорот, САД и ЕУ се запознаени и се во тек со процесот на изготвување на концептот на законот. „Генерален став на ЗНМ што беше потенциран на средбата, е дека со ваквиот закон ќе се легализира корупцијата медиумите, факт кој беше обелоденет од бомбите на опозицијата. На тој начин владините реклами ќе ги претворат медиумите во заложник на политичките и економските интереси на владата и на сопствениците на медиумите. Обврска на јавните институции е да ги направат достапни сите информации поврзано со нивната работа, а не јавните пари да ги користат за дневна промоција на владините политики. Со тоа медиумите стануваат огласна табла на владата платени со јавни пари. Владините реклами ќе имаат силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој владата досега беше најголем огласувач. Ваквата позиција на владата и дава можност да ја контролира уредувачката политика на медиумите и со тоа ќе ја задуши критиката“, рече Селмани.Наместо рекламирање, ЗНМ предлага истите пари што Владата ги троши за медиумска промоција да ги намени за субвенционирање на медиумите, за подобрување на квалитетот на медиумската содржина, збогатување на политички плурализам, поддршка за малцинските медиуми и за обука на новинари.Од опозициската СДСМ, исто така реагираа дека доцна на електронска пошта го добиле предлог –законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. „Не се работи за ништо ново, значи тоа е истата приказна од пред неколку месеци. Кога ВМРО-ДПМНЕ на нај брутален начин и со ваков еден сличен, ако не и идентитчен закон, се обиде да ја продолжи корупцијата, односно да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова не е производ на никаков договор, не е производ на никакви преговори, туку е едностран чин на партијата на власт која се обидува и понатаму да ги држи во заложништво медиумите. Имено, со пари од граѓаните идеата е да се финансираат информативни и рекламни кампањи“, вели пратеникот Томислав Тунтев./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

