Македонија
Адвокатите од „Дива населба“ казнети, ќе бојкотираат ако нема услови во Судот
Сите адвокати на обвинетите во случајот „Дива населба“ ќе го бојкотираат наредното рочиште на овој случај доколку Судот не обезбеди услови за, како што велат, фер и коректно судење, најави адвокатот на еден од обвинетите, Љупчо Веселиновски.
Судењето за овој случај се одложи откако адвокатите беа револтирани бидејќи Судот не им обезбедил услови за фер судење, во судницата не биле присутни роднините на обвинетите и новинарите.Адвокатот Насер Рауфи ја напушти судницата, по што судијката даде пауза од половина час, но на судењето не се врати ниту тој, ниту неговите колеги Бујар Дардишта и Мефаил Арслани. Судот ги казни адвокатите со по 1.200 евра казна заради навреда на Судот и нарушување на редот во судницата, а Рауфи и Дардишта ќе треба да ги надоместат и трошоците во постапката.Арслани не е задолжен да ги плати трошоците, бидејќи имал замена на судењето.Откако судењето беше одложено, адвокатот Веселиновски изјави дека бараат најмалку еден роднина на обвинетите да присуствува рочиштето и новинарите кои судењето го следат во посебна сала во Судот преку видео врска.Тој рече дека ќе се солидализираат со своите колеги кои ги казнија и побара судот да ги повлече казните, бидејќи не обезбедил основни услови за судење. „Од 2008 година ги бараме нашите права за да работиме во нормални услови, почнавме со „Змиско око“ којшто се судеше во една сала во Царина, каде немаше елементарни услови, доста е со импровизации за судењата во Основниот суд Скопје 1. Ако не се исполнат условите на наредното рочиште нема да присуства ниеден бранител“, рече Веселиновски.Првите две рочиште за ова судење во кое има 29 обвинети и огромен интерес од јавноста се одржуваа во големата сала во Врховниот суд, но оваа сала веќе не се користи, бидејќи, како што велат од Судот, се реновирала. На едно од рочиштата немаше место за новинарите, па околу 20 новинари го бојкотираа судењето за овој случај. Судијката во овој случај рече дека Судот ја поседува само таа поголема судница и според неа обезбедени се можности за присуство на сите обвинети, а секако според можностите, на судењето присуствуваат и дел од роднините./кра/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

