Македонија
ДИК најдоцна во вторник ќе ги објави имињата и презимињата на спорните гласачи
Државната изборна комисија најдоцна до вторник треба да ги објави имињата и презимињата на спорните 40 илјади гласачи, а доколку тие не се пријават да го потврдат својот идентитет во предвидениот рок, ќе бидат избришани од Избирачкиот список.
Списокот ќе биде објавен на интернет страницата на ДИК, а спорни се точно 39.502 гласачи.По вкрстените проверки на ДИК во текот на пролетта, беше утврдено дека 171.500 лица немаат никаква активност во земјата, односно се во странство. Тие ќе бидат ставени на посебен список.До 4 август треба да се формира и договореното ад¬хок тело за набљудување на медиумите, 100 дена пред изборите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студентски отпор: Оваа неправда нема да остане без одговор, сите студенти денеска за Фросина
Студентски отпор изразува длабоко сочувство до семејството на Фросина Кулакова.
„Оваа загуба е резултат на системски недостатоци кои ја загрозуваат безбедноста на сите нас.
Долгогодишната неказнивост, институционалната негрижа и структурното насилство не само што ни ги одземаат можностите во образованието, туку резултираат и со трагедии што не можат да се преболат. Оваа неправда нема да остане без одговор!“, соопштуваат од Студентски отпор.
Од таму ги повикуваат сите студенти денеска во 13:00 часот пред Силбо.
„Затоа што вака се чувствуваме небезбедни. За нашата колешка Фросина. За сите нас“, додаваат од Студентскиот отпор.
Македонија
Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
Денеска по кратко боледување во Скопје, во 42-година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 каде работеше како уредник во информативната редакција.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.
Потекнуваше од новинарско семејство, а зад себе остави сопруга и две деца.
Македонија
(Видео) Филипче: Владата треба да ги заштити граѓаните од високите цени
Владата е одговорна да се грижи за граѓаните да не доживуваат вакви цени, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој е во дводневна работна посета на Хрватска, на средби со раководството на хрватската Социјалдемократска партија (СДП).
– Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите. Кај нас навистина загрижува ноншалантноста и незаинтересираноста на Владата да преземе некакви мерки. Дури со одреден цинизам би рекол, ги поддржуваат граѓаните да протестираат, а всушност протестот на граѓаните, освен за високите цени и кон маркетите, треба вистински да биде насочен кон Владата, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените. Владата е одговорна да се грижи граѓаните да не доживуваат вакви цени. Посебно во ситуација кога нема никаков слух за зголемување на нивните плати, еден систем кој што ние го воспоставивме во минатото и сега како опозиција не одговара на нашите повици и предлог закони за зголемивање на минимална плата. Жалосно е што ова го прави со граѓаните, рече Филипче.