Македонија
Клубот на генерали: Да се ангажира резервниот состав за справување со бегалците
Треба да се ангажира резервниот состав, ако активниот професионален состав на АРМ не може да се справи со безбедносната состојба предизвикана од напливот на бегалци, изјави пензионираниот генерал Драган Андреевски бидејќи, според него, со професионализацијата намален е бројот на припадници на АРМ.
Андревски по дебатата на клубот на генерали како претседател на здружението оцени дека постои ризик за нарушување на безбедносната состојба особено во вакви геостратешки моменти на блискиот исток, но смета дека состојбата во Македонија е под контрола иако со бегалскиот бран може да се протнат и терористи и обучени офицери и војници./крај/мф
Извор: Телма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 10 степени
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор
Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот.
Струшкиот суд го прифати предлогот на обвинителството и одлучи да му ја одзеде патната исправа и и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.
Од Обвинителството информираа дека мерките биле побарани поради опасност од бегство, со оглед на тоа што поднесено е уште едно обвинение.
Обвинението се однесува на тоа што Мерко, во март, годинава, поставил споменик на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, велат од Обвинителството.
„Со последното поднесено обвинение, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна“, се додава.
ОЈО Струга веќе води осум судски постапки против Мерко кои се однесуваат на злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата, па надлежниот јавен обвинител оценил дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.
САД претходно, минатата година, го означија градоначалникот на Струга како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопшти Стејт Департментот.
Оттаму истакнаа дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери.
На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга и трите полнолетни деца.
Американската амбасадорка, Ангела Агелер, половина година подоцна изјави дека по одлуката, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратиле до САД за да побараат споделување на доказите со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата што се на листата. Амбасадорката пред новинарите рече дека во Северна Македонија има епидемија на корупцијата и таа е присутна во сите пори на општеството, особено во изминатите десет години.
Мерко кој е долгогодишен градоначалник на Струга и поранешен патеник во Собранието, на функциите дојде од редовите на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).
Македонија
Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции
Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски.
Таа во минатото беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а потоа и инспектор во Царина, по што лани беше назначена за нов директор на државната компанија „Аеродроми“.
Халими ја презеде функцијата од Трајче Ангеловски, а нејзиното именување го следеа контроверзии и реакции во јавноста, кои се однесуваа на тоа дали ги исполнува условите, односно дали поседува универзитетска диплома. Медиумите тогаш пишуваа дека Халими, Арачиново го водела со стручно медицинско средно образование, додека во нејзините биографски податоци стоело дека студирала Педагошки факултет, но без да биде наведено кога дипломирала. Подоцна од нејзиниот кабинет објавија дека директорката има завршено економски факултет, но не беше прецизирано кога ги завршила студиите и на кој Универзитет.
Тогашниот премиер, Димитар Ковачевски, јавно ја поддржа изјавувајќи пред една година: „Новата директорка на Аеродроми Миликие Халими е избрана од Надзорниот одбор врз основа на исполнети критериуми“. Ковачевски додаде дека Халими приложила универзитетска диплома, како и многу други функционери.