Македонија
Владата ги укина сите правни акти на министрите на СДСМ
Владата за спроведување на изборите одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, кои се донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година.
Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка, појаснуваат од таму, а се повикуваат на Законот за Владата, во кој се вели дека Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации, кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.„Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот 46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти“, соопштија од Владата.Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

