Забава
Во Австралија еден од најголемите грабежи на вино во историјата
Австралиската полиција потврди во четвртокот дека од март годинава спроведува потрага за исчезната колекција вина проценета на повеќе од пет милиони австралиски долари, односно 3,7 милиони американски долари.
Полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс во четвртокот не можеше да прецизира дали станува збор за најголемиот грабеж на вино во историјата на земјата, и ги повика да се јават сите граѓани кои имаат некакви информации поврзани со кражбата на виното во регионот Хантер.
Портпаролката на полицијата изјави дека имајќи ја предвид вредноста на виното и годината на производството „дефинитивно станува збор за една од најголемите кражби“.
„Во оваа фаза сé уште не се знае колку шишиња се украдени, можеби ги има со стотици или илјадници. Најмалку едно шише Гранже од 1951 година, кое може да достигне цена до 40.000 долари е меѓу нив“, рекла портпаролката.
Според медиумите, станува збор за десетици шишиња од престижни вински колекции, кои биле во сопственост на компанијата „Wine Investment Services“ која во 2013 година била ставена во стечај, но вината не им биле предадени на ликвидаторите./крај/мф/сн
Извор: ABC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Мајката и ќерката ги воодушевија луѓето со своите „жешки“ фустани
Познатата германска манекенка Хајди Клум се појави на црвениот тепих во Берлин на доделувањето на наградите „Жена на годината“, заедно со нејзината ќерка Лени, која долго време ги следи нејзините стапки и веќе е препознатливо име во светот на моделингот.
Нивното појавување доаѓа по кампањата за долна облека каде што мајката и ќерката добија многу критики.

Познатата Хајди позираше во краток фустан со тигрест принт украсен со мали циркони, додека Лени избра малку попровокативно издание.
Црниот проѕирен фустан, под кој носеше боди, беше нејзин избор, а на сè додаде драматична вечерна шминка, па се чини дека Лени сакаше и овој пат да предизвика поделени мислења кај публиката.

И мајката и ќерката веќе беа мета на коментари кога станува збор за кампањите за долна облека, па многумина ја сметаа нивната заедничка фотосесија за несоодветна, но ги игнорираа коментарите.
„Во нашето семејство, секогаш се градеше самодоверба кога станува збор за телото, а голотијата никогаш не е нужно сексуализирана“, рече Хајди тогаш.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најубавата кралица повторно го има модното парче на сезоната
Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, имаа официјална посета на Кина која привлече големо внимание од модните портали, секако поради изгледот на прекрасната кралица, кој се чини дека никогаш нема да престане да воодушевува.
И додека сме навикнати да ја гледаме во совршени фустани, елегантни костуми и гламурозни комбинации, сега таа покажа и како може да изгледа во најдобрата зимска комбинација. Главна ѕвезда овој пат беше капутот.

Кралицата се одлучи за сив капут со цветен дезен, а според Harper’s Bazaar, станува збор за креација од нејзиниот омилен бренд Carolina Herrera, чија цена е 5.990 долари и е веќе распродаден.

Станува збор за модел во А-крој со нагласени рамена, но и ремен што го нагласува струкот. Летиција сè надополни со едноставни ниски потпетици во нежно розова боја. Патем, кралицата веќе некое време не се откажува од пониските потпетици, па покрај тоа што се удобни, тие се покажаа и како совршено решение за дополнителна елеганција.

Многумина се согласија дека ова е најубавиот капут на сезоната, и не е изненадувачки што го има кралицата Летиција, која долго време е позната како некој што поставува нови модни трендови.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Гол грб и накит на задникот: Хејли Бибер блесна во елегантно провокативна облека
Атрактивната Хејли Бибер е во центарот на вниманието овие денови, а со својот најнов стајлинг на доделувањето на наградите „GQ Men of the Year 2025“ во Холивуд, таа покажа дека е похрабра од кога било досега.
Таа пристигна на гала настанот во црн, проѕирен фустан со гол грб кој откриваше многу и со сигурност можеме да кажеме дека ова е едно од најсмелите вечерни изданија на познатата манекенка, која неодамна отворено зборуваше за својот брак со Џастин Бибер.

Хејли носеше фустан кој речиси целосно ги откриваше нејзините гради, бидејќи беше целосно проѕирен и покриен со светки, а под него имаше само црни гаќички кои беа јасно видливи.

Деталот на нејзиниот гол грб беше исто така многу интересен и совршено се вклопуваше со накитот што го носеше згодната манекенка.

Таа го покажа својот извајан грб и негувана кожа, заедно со својата витка фигура, а со овој неочекуван стајлинг кој го следи трендот на проѕирни, или „голи“ фустани, носеше црни сандали и црни очила за сонце.
фото: принтскрин

