Македонија
Посебен сообраќаен режи за Водици во скопје и во Охрид

Поради чествувањето на големиот христијански празник Богојавление (Водици) во вторник во Скопје и во Охрид ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Во Скопје во периодот од 11 часот се до завршување на црковната манифестација , ќе биде затворена за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од булеварот „11 Октомври“ до булевар „Гоце Делчев“ како и Кеј„Димитар Влахов“ и Кеј „13-ти Ноември“ во делот на мостот „Слобода“.
Од СВР-Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.
Во Охрид, за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Македонски просветители“ од пресекот со улицата „Партизанска“ кон кеј „Македонија“ додека сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ целосно ќе се пренасочи кон улицата „Партизанска“.
Од 7 часот ќе се врши физичко регулирање на овие сообраќајници. Верскиот празник и фрлањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро кај градското пристаниште, ќе биде обезбедуван и од полициската станица за граничен надзор за „Охридско Езеро“ со присуство на полициски службеници во патролни полициски чамци. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.