Забава
Индонезиски локал со нацистички обележја
Индонезиските власти веројатно ќе побараат од сопственикот на едно кафуле да го измени ентериерот на локалот со назив „Soldatenkaffee“, на чиишто ѕидови има нацистички симболи, меѓу другото и големо знаме со свастика и фотографија на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер.
Сопственикот на „Soldatenkaffee“ цел еден ѕид посветил на знаци и симболи и на периодот на нацизмот.
Кафулето се наоѓа во градот Бандунг, еден од индонезиските туристички центри, а е отворен во април 2011 година, меѓутоа дури од неодамна по написот во локален весник на англиски јазик, предизвика гневни реакции на некои странски туристи и Индонезијци.
Профилот на Facebook на кафулето содржи фотографии на вооружени Индонезијци во германски униформи од Втората светска војна.
Сопственикот Хенри Хулиан во одговорот до властите напомнал дека целта не му била да предизвика омраза, туку да привлече клиенти, и странски и домашни. „Јас сум деловен човек, не сум политичар. Имам право да го декорирам својот локал со што и да е што ќе ги привлекува луѓето. Сигурен сум дека не кршам никакви закони“, изјавил сопственикот.
Сепак, бил принуден привремено да го затвори локалот, а досега не се изјаснил да ќе го промени ентериерот, доколку властите и официјално го побараат тоа од него./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Прекрасната манекенка ги изненади сите во Њујорк со длабоко деколте
Шведската манекенка Елса Хоск продолжува да доминира со својата единствена убавина. Откако блесна во Лос Анџелес, Елса приреди моден спектакл и во Њујорк.
Поранешниот ангел на „Викторија сикрет“ за оваа пригода избра провокативен фустан со светки и циркони, кој е врзан околу вратот, а најинтересно од сè е, секако, длабокото деколте, кое Елса овој пат го „фрли“ во преден план.

Не е невообичаено таа да се осмели да носи ваков смел модел на фустан. Ефективниот стајлинг го надополни со накит, нараквица, прстен и обетки, а тоа беше доволно за сите да се сетат на уште едно секси издание на убавата Скандинавка.

За разлика од претходниот настан каде што ја имаше косата пуштена, овој пат ја собра во пунџа и ги остави своите свиткани шишки на страна.

Не е ни чудо што Елса Хоск е една од најпознатите модели. Нема многу детали за нејзиниот приватен живот, убавата манекенка се труди сè да го држи подалеку од очите на јавноста, но се знае дека неодамна се свршила по десет години врска.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Црната пантерка цела во бело: светот на модата остана без зборови
Поранешната супермоделка Наоми Кембел, позната и како „Црната пантерка“, едно од најпознатите лица во светот на моделингот, сè уште воодушевува со својот изглед и се чини дека никогаш нема да престане, иако има 55 години.
Наоми изгледаше фантастично на гламурозната церемонија на доделувањето на модните награди CFDA 2025, одржана во Њујорк, како штотуку да слегла од модната писта.

Настанот собра големи имиња од светот на познатите личности, а Наоми имаше чест да му ја додели наградата „Меѓународен дизајнер на годината“ на Питер Мулиер.
Нејзиниот аутфит за овој престижен настан беше повеќе од интересен и беше потпишан од модниот бренд ALAÏA, кој често го носи Ријана, како и други познати ѕвезди.

Се појави во бело од глава до пети – вклучувајќи бели чевли, и носеше очила за сонце како моден детаљ.
Наоми уште еднаш покажа со овој впечатлив аутфит дека е икона на стилот, и оправдано беше една од најдобро облечените познати личности на настанот, а реакциите на социјалните мрежи беа исклучиво позитивни.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ријана се појави во јавноста за прв пат по породувањето
Пејачката Ријана неодамна го роди своето трето дете, овој пат девојче, а сега веќе се појави на доделувањето на наградите CFDA во Њујорк, каде што дојде да го поддржи својот партнер, Асап Роки, кој ја освои наградата Fashion Icon.

И во сите претходни години, Ријана беше дополнително неверојатна од настан до настан, и се чини дека дури сега сфативме колку ни недостигаа нејзините модни изданија.

Како вистинска икона на стилот, таа повторно доминираше на црвениот тепих, овој пат во уникатна облека.

Ријана избра бели плисирани панталони кои ги комбинираше со црн топ, додека преку сè носеше асиметричен капут и го зачини своето екстравагантно издание. Интересно е што панталоните беа вметнати во црни чевли, па пејачката повторно ја покажа целата своја оригиналност.

Со оглед на тоа што сè беше преголемо, Ријана целосно отстапи од традиционалната облека и испрати моќна порака за индивидуалност и женска сила.

„Модерна, шик, прекрасна“, „Таа штотуку се породи и вака изгледа“, „Ти си совршена“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин

