Македонија
Во понеделникот издадени потврди на 1.492 мигранти

Во понеделникот од страна на МВР биле издадени потврди на вкупно 1.492 странски државјани, од кои 656 се од машки пол, 324 се од женски, 508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патува без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-739, Ирак-404 и Авганистан–349.
\Во периодот од 19-ти јуни до 22-ри декември, издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, од кои, 196.461 се од машки пол, 59.447 се од женски, 83.787 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.018 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-202.245 потоа Авганистан-87.748, Ирак-46.279, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 21-ви декември, до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николовски: За првпат во историјата со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците

Ребалансот на буџетот што го предлага власта претставува сериозен удар врз македонското земјоделство. За првпат во историјата, со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците, што директно ја намалува финансиската поддршка која тие ја добиваат. Ова е целосен преседан, бидејќи досега секогаш со ребалансот се додаваа дополнителни средства, а сега, напротив, се кратат, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница за ребаланс на буџетот.
Тој потенцираше дека податоците јасно покажуваат дека во 2023 година финансиската поддршка изнесувала 8,3 милијарди денари, додека во 2024 година таа е намалена на 6,7 милијарди денари, што претставува над 30 милиони евра помалку за земјоделците.
-Ова е штетно не само за земјоделците, туку и за целата економија, бидејќи земјоделството е клучен сектор за државата. Покрај намалувањето на субвенциите, сеуште не се исплатени дополнителните поддршки од претходните години, како што се оние за овчарите, козарите и градинарите во Струмичко и Преспа, како и поддршката за предадено јаболко, која е минимална и недоволна, рече Николовски.
Дополнително, Владата укина неколку важни програми, меѓу кои се програмата за мали земјоделци, новиот модел на субвенционирање којшто овозможуваше авансна исплата од 30% до крајот на годината, како и програмите за поддршка на млади и жени земјоделци.
-Намален е и буџетот за програмата за рурален развој, која треба да ги поддржува инвестициите во механизација, системи за наводнување и други инвестициски мерки. Исто така, укинат е лимитот од 18 милиони денари за директни плаќања, кој беше воведен во 2018 година за да се осигура правична распределба на субвенциите и да се поддржат малите земјоделци. Со оваа уредба, големите компании повторно ќе добиваат милиони денари, додека малите производители ќе останат со помалку средства, потенцираше Николовски.
-Оваа политика на Владата не само што ги укинува реформите и ја намалува поддршката за земјоделците, туку и ги фаворизира големите компании на штета на малите производители, рече Николовски.
Македонија
Николова: Со ребалансот, власта крати пари од најсиромашните, за таа да се луксузира со скапи возила и мебел

Ребалансот на Буџетот што го предложи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасен доказ за економската неспособност, недалекувидост и отсуство на визија. Наместо економска стратегија, овој ребаланс е политичко признавање на економскиот пораз на владата, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната седница за ребаланс на буџетот.
Таа потенцираше дека со овој ребаланс гледаме продолжување на политиките на неодговорно трошење, зголемување на јавниот долг и кратење токму таму каде што граѓаните најмногу имаат потреба – кај субвенциите, социјалната поддршка и капиталните инвестиции.
– Во буџетот се зголемуваат ставките за луксуз, мебел, возила и непродуктивни расходи, додека се кратат средства за најранливите категории. Тоа е срамно и опасно за стабилноста на државата, рече Николова.
Таа потсети дека јавниот долг веќе го надмина прагот од 62% од БДП, а државата нема јасен план како ќе се справи со зголемениот дефицит.
– Имаме ребаланс кој се базира врз неостварени приходи, сомнителни заеми и фискално неодговорно однесување. Единствена цел – да се покријат краткорочни политички интереси на власта, на сметка на долгорочниот економски развој, потенцираше Николова.
Таа додаде дека додека се кратат средства за сиромашните, се зголемуваат трошоците за стоки и услуги.
– Со инфлација од 3,7%, со намалена приватна потрошувачка и со стагнирана минимална плата, граѓаните се принудени да преживуваат, а не да живеат. Овој буџет не гради иднина, го одржува партискиот апарат на власт. Наместо визија и економски сигнал, добивме кратења, долгови и политички маркетинг. Сето ова е спротивно на тоа што им беше ветено на граѓаните само пред една година, нагласи Николова.
Особено трагично, рече Николова, е што власта ги одби амандманите на СДСМ за поддршка на настраданите и повредените од трагедијата на 16 март, како и амандманите за справување со пожари.
– Во моменти кога семејства преживуваат болка и загуба, власта одбира молк и рамнодушност. Ова е морално неприфатливо и човечки пораз на една владејачка структура, потенцираше пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.
Македонија
Брза железница, нови болници, подобри патишта, крајната цел е младите да останат во земјата, Муцунски за договорот со Обединетото Кралство

Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на социјалните мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот.
„Зборовите не се доволни. Резултатите се тие што се бројат: работа, развој, подобар живот“, истакнува Муцунски.
Тој потенцира дека со овој договор се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура.
„Не ветуваме – испорачуваме“, додава министерот, посочувајќи дека крајната цел е младите да останат во земјата, да се отворат нови можности за инвеститорите, а граѓаните да добијат подобар квалитет на живот.
„Ова не е политика – ова е работа за иднината“, порача Муцунски.
Во рамки на минатонеделната посета на Лондон, Муцунски и неговиот британски колега, државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт, Дејвид Лами, ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Овој документ, како што појаснуваат од кабинетот на Муцунски има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната – особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.