Забава
Перунковски и Бошев најдобри бармени во Македонија
Првопласираните бармени Методи Перунковски и Александар Бошев, на Државното првенство на бармени, што се одржа во Охрид, со нови рецептури, ќе го претставуваат Здружението на бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending Competition во Софија, Бугарија од 10 – 15 октомври во Кемпинкси Хотел.
Здружението на бармени на Македонија, во одлични услови во најтуристичкиот град Охрид го заврши 8. Државно првенство на бармени кое се одржуваше во Кафе бар „Ликвид“.
Вкупно 18 натпреварувачи од цела Македонија, се бореа за титулата Бармен на Македонија.
Условите за работа на Бармените, поставени според светските стандарди на IBA (International Bartenders Association), им овозможија на 16 момци и две девојки да ја претстават сопствената креација на рецептури пред интернационалното жири составено од: Никола Мердовиќ – Секретар на Здружението на Бармени на Црна Гора во улога на Официјален судија на натпреварот, Рајко Мијач – Претседател на Здружението на Бармени на Црна Гора во улога на судија на првенството, како и Веселин Чаваркапа – актуелен шампион од Црна Гора, како член на комисија за оценување. Македонското жири го сочинуваа Јовица Наков – дел од бордот на Асоцијацијата на Бармени на Македонија и Сашо Граматиковски – Декан на факултетот за Туризам и менаџмент од Скопје.
Учесниците кои беа дел од квалификациите, се оценуваа според неколку критериуми: техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.
Од сите пријавени учесници, според оценките на стручното жири, дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата Бармен на Македонија за 2015. Во финалето, критериумите и оценките се исти, а се пренесуваа поените во техника од квалификациите, додека судиите за оценување на вкус беа променети.
Финалистите беа поделени во четири групи по тројца натпреварувачи на сцена. Веднаш по претставувањето на финалистите во класична подготовка на коктели, се претстави единствениот натпреварувач во категоријата Флертендинг (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема).
Победниците во класична подготовка на коктели се:
1. место: Методи Перунковски 176 поени – коктел Selfie
2. место: Никола Јосески 171 поен – коктел Lake of Bubbles
3. место: Васил Пеевски 168 поени – коктел Ruby Royal
Победник во категорија флертендинг:
1. место: Александар Бошев – коктел Tropic thunder
Во рамките на Државното првенство во Охрид, се одржи и едукативен семинар, за учесниците, а би рекол дека станува збор за спектакл поради тоа што самата презентација не може да се опише, мора да се доживее. Темата беше Мастерклас Diageo Reserve by Soul Shakers. Бармените од Македонија ја имаа таа чест по втор пат да ги откријат тајните на првиот победник на Diageo Reserve World Class, Аристотелис Пападопулос и Никос Арсланоглу, учесник на Diageo Reserve World Class. Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто. – Изјави Дарко Ангелески, претседател на Здружението на Бармени на Македонија
Рецептури на победниците во класична подготовка на коктели:
1. место: Методи Перунковски 176 поени – коктел Selfie
состојки:
Havana Club Especial
Becherovka
Puree Mango
сок од портокал
сок од калинка
сируп од зелен лимон
декорација: цвекло, краставица, портокал, лимон
2. место: Никола Јосески 171 поен – коктел Lake of Bubbles
Smirnoff Vanila
Malibu
Monin Green Bannana
сок од лимон
Пире од манго
сок од јагода
3. место: Васил Пеевски 168 поени – коктел Ruby Royal
Smirnoff Green Apple
Marie Brizard Watermelon
Monin syrup passion Fruit
пире Monin Raspberry
сок од зелен лимон
сок од ананас
Рецептура на победникот во флертендинг:
1. место: Александар Бошев – коктел Tropic thunder
Havana Rum
Liqueur Marie Brizard- tropical mango
Syrup Monin- watermellon
сок од зелен лимон
сок од ананас/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

