Македонија
Министерот Јолевски и одбранбените аташеи дел од `Засади успех`
Министерот за одбрана Зоран Јолевски заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Методија Величковски и акредитираните одбранбени аташеи во Македонија во средата пред Военомедицинскиот центар во Скопје активно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
„Задоволство ми е што тука во кругот на Военомедицинскиот центар засадивме дрвца, како дел од акцијата ’Денот на дрвото’. Ние садиме дрва за иднината на нашите деца, за иднината на Република Македонија и многу е важно што оваа акција продолжува“, рече министерот Јолевски.
Тој додаде дека и годинава Армијата на Република Македонија е вклучена во засадувањето, додека поддршка традиционално дадоа и акредитираните одбранбени аташеи во државата.
Во рамките на 16-тата акција „Ден на дрвото“ на над 100 локации ќе бидат засадени околу три милиони дрвца. Досега, од почетокот на акцијата во 2008 година, засадени се околу 50 милиони дрвца, а успешно зафатени околу 60 проценти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре – сончево со променлива облачност и студено
Утре наутро времето ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје сончево со променлива облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од утре ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска. Снежната покривка постепено ќе се намалува.
Македонија
Двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.
Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.
Македонија
Кривичен го отфрли предлогот за определување мерки за претпазливост за В.К. за „Адитив“, со оглед дека осомничениот не е достапен за органите на прогон
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К., од 11.12.2024 година, а во врска со истрагата за предметот од обвинителството означен како „Адитив“, денеска, веднаш по добивање на известување од надлежното МВР за неговата достапност, донесе решение со кое го отфрли предлогот за определување мерки за претпазливост, со оглед дека осомничениот не е достапен за органите на прогон.
Судија на претходна постапка може да постапува и да донесе решение за прифаќање на предлог на Јавен обвинител, без да биде сослушано осомниченото лице, само доколку за истото е предложена мерка притвор, но не и кога против истото лице се предложени мерки за претпазливост, како во конкретниот случај и истото лице воопшто не е лишено од слобода и спроведено во судот да се произнесе за предлогот како што налагаат одредбите од ЗКП.
Решението на Кривичниот суд ќе биде доставено до странките во постапката.