Култура
Наградено ЦД со теренски материјали од Македонија
Дигитализираната аудио колекција восочни цилиндри на Густав Куперс Цоненберг и ЦД изданието Wax Cylinder Recordings from Southeast Europe: G. Küppers-Sonnenberg 1935-1939, Vol. 7, во кое меѓу другите се застапени и теренски материјали од Македонија, ја освои престижната награда Бруно Нетл.
Оваа награда која се доделува во чест на основоположникот на светската етномузикологија американскиот етномузиколог со чешко потекло Бруно Нетл, ја доделува едно од најголемите светски здруженија од оваа област, Американското здружение на етномузиколози (СЕМ).
Во проектот кој опфаќа процес на дигитализација на аудио колекцијата, селекција и научна обработка на материјалот, заедно со издавањето на ЦД-то, помеѓу осуммина етномузиколози од регионот, предводени од германскиот етномузиколг д-р Сузане Циглер, беше вклучена и македонскиот етномузиколог Ивона Опетческа Татарчевска од Управата за заштита на културното наследство.
„Особена е честа да се добие довербата и да се работи на ексклузивни материјали во еден од најстарите фонограм архиви во светот, берлинскиот, кој е прогласен од УНЕСКО како чувар на меморијата на светот“, вели Опетческа – Татарчевска.
Според неа, работата со професионалци како што се колегите од Берлинскиот фонограм Архив е искуство само по себе, го изострува професионалното чувство до финеси, ја осовременува методологијата на научната работа со која се занимавате, а дава и силен стимул за прескокнување на сите пречки кои како научници ги имаме во нашава држава, каде вистинската наука е на маргините на општеството.
„И уште кога особено по една ваква добро завршена работа, одборот кој ја доделува наградата во своето образложение ќе нагласи дека таа е доделена за исклучителниот етички пристап кон контроверзната колекција на Купперс, како и поради неверојатно високото научно толкување на разнородната граѓа која произлезе од процесот на дигитализација, тогаш нема поголема сатисфакција за еден научник“, додава Опетческа-Татарчевска.
Наградата беше доделена на годишното собрание на Американското здружение на етномузиколози (СЕМ) во Њу Орлеанс, САД./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски во Русија и Тајван
Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван.

Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг.
Во септември филмот ги освои Гранд При наградата на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм Аниматор Фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на „Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни“ во Скопје.

Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми Филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено 7 награди.
Филмот е во продукција на Фокус Покус Филм и во копродукција на Флипбук Продакшнс, а е поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.
Култура
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност.
Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова.
Во првата едночинка играат: Александар Малинков , Ивана Секуловска ,Саше Орешков, а во втората едночинка: Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска. Суфлер: Дијана Мишова; Костимограф: Сара Милевска; Сценска подршка: тим на Дом на култура Кавадарци; Светло/тон: Пепи Ангелов.
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е и организатор на манифестацијата “Месец на Театарот“ која годинава се оддржува по петти пат. Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на избор плакати од претстави на Театарот при Домот на кутурата Кавадарци изминатите децении.
Официјалниот распоред е:
15.11 (сабота) Свечено отворање на манифестацијата со Изложба на театарски плакати
15.11 (сабота) “Ухљеби“, ДРАФТ Театар, Тузла, Босна и Херцеговина
17.11 (понеделник) “Петок 13“, Народен Театар Струмица
19.11 (среда) “Предлог за брак/Мечка“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
22.11 (сабота) “Госпоѓа Министерка“, Театар “Џинот“, Велес
25.11 (вторник) “Смртта на еден човек на Балканот“, Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Сите претстави започнуваат од 19 часот.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()


