Македонија
Заев: Промените заедно ќе ги дочекаме уште оваа учебна година

„Утре почнува новата школска година – бидете посветени, учете, истражувајте, другарувајте. И требате на Македонија! Вие сте и сегашност и иднина. Бидете гласни, вашата креативност и критичност ќе направи и ние возрасните да учиме од вас“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето до учениците, наставниците, професорите и родителите во пресрет на почетокот на новата учебна година.
„Драги родители, да ги поддржиме нашите деца! Да им бидеме ветер во грб за да извлечат максимум од нивните дарби и таленти. Да се здружуваат, да обединуваат. Наша обврска е да го менуваме она што гледаме дека не е добро! Ви ветувам дека заедно ќе изградиме систем каде знаењето, вештините, здравјето и безбедноста на децата ќе бидат на прво место“, порача Заев.
„Драги наставници и професори, учејќи ги децата, вие го градите темелот на оваа земја. Затоа, вие мора да имате и ќе имате пристојни услови за работа и достоинствена плата. Вам ви е доверено највредното што го имаме – нашите деца. Ве уверувам, доаѓа време без трауми од контроли и лоши екстерни тестирања. Доаѓа време на креативност и слобода на изразување! Промените заедно ќе ги дочекаме уште оваа учебна година“, додаде лидерот на СДСМ во своето обраќање по повод почетокот на новата учебна година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.