Забава
Наместо хамбургер во McDonald's добиле илјади долари
Двојак од околината на американскиот град Нешвил добиле многу повеќе отколку што нарачале во ресторан на синџирот за брза храна McDonald’s – хартиена кеса со илјадници долари, јави локалната телевизија WTVF-TV.
Според медиумите, неутврдено поголемо количество пари од неколку илјади американски долари коишто требало да бидат депонирани во банка, биле ставени во хартиената кеса, а вработениот по забуна ја сменил со кесата со сендвичите за Грег и Стејси Тери.
Меѓутоа, барзо ја забележал грешката, седнал во својот автомобил и ги следел до нивниот дом. Истовремено Грег и Стејси дома ја отвориле кесата и се изненадиле кога во неа ги пронашле парите.
Не е познато дали би ги вратиле парите, доколку сопственикот на ресторанот Фил Греј не им заѕвонел на вратата. Тој во соопштението сепак им се заблагодарил на Териеви и рекол дека се обидува да утврди како можело да дојде до грешката./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Божиќниот портрет на Трампови предизвика конфузија околу еден детаљ
Божиќниот портрет на Доналд и Меланија Трамп беше објавен пред празниците, но наместо идилични реакции, тој предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи поради еден сомнителен детаљ. Како и секоја година, Белата куќа објави официјална фотографија од претседателскиот пар опкружен со луксузни празнични украси.
На овогодишната фотографија, објавена на 23 декември, 79-годишниот Трамп и 55-годишната Меланија позираат држејќи се за раце на влезот во претседателската резиденција.
Зад парот, кој е во брак од 2005 година и има 19-годишен син, Барон, се наоѓаат официјалниот претседателски печат, американското знаме и знаме со голем орел. Тие се опкружени и со низа совршено украсени елки.
Merry Christmas from President Donald J. Trump and First Lady Melania Trump 🇺🇸 pic.twitter.com/p2F1Zc1dON
— The White House (@WhiteHouse) December 23, 2025
Меланија беше задолжена за овогодишната декорација на Белата куќа, обезбедувајќи импресивна празнична атмосфера со 75 венци, 51 елки, повеќе од 213 метри венец и над 2.000 светла. За декорации беа употребени повеќе од 7.620 метри лента, 2.800 златни ѕвезди, над 10.000 украси.
Сепак, не раскошната декорација го привлече вниманието на јавноста, туку раката на Доналд Трамп. Многу корисници на социјалните мрежи тврдеа дека фотографијата всушност е направена неколку недели претходно, на 11 декември, кога претседателската двојка беше домаќин на доделувањето на церемониите „Кенеди Центар Почести“ во Вашингтон. На тој настан, Трамп носеше крпеница на десната рака, што медиумите претходно го забележаа.
Сепак, не раскошната декорација го привлече вниманието на јавноста, туку раката на Доналд Трамп. Многу корисници на социјалните мрежи тврдеа дека фотографијата всушност е направена неколку недели претходно, на 11 декември, кога претседателската двојка беше домаќин на доделувањето на наградите „Кенеди Центар“ во Вашингтон. На тој настан, Трамп носеше фластер на десната рака, што медиумите претходно го забележаа.
На истото место беше забележана и модринка, која повремено се обидуваше да ја покрие со коректор. Сепак, на официјалниот божиќен портрет, фластерот мистериозно исчезна, што предизвика сомнежи дека е отстранет во Фотошоп.
Корисниците на социјалните мрежи брзо ги споделија своите забелешки. „Оваа фотографија е направена на 7 декември 2025 година, а Меланија го носи фустанот од Живанши што го носеше таа вечер на доделувањето на наградите „Kennedy Center“, вешто истакна еден корисник на X. Друг праша: „Немаат ли професионалци за ова? Порано работев многу во Фотошоп и не е толку тешко“. „Празнично фотошопирање“, тврдеше трет, додека друг заклучи: „Го отстранија со Фотошоп фластерот што го носеше тој ден“.
Забава
(Фото) „Гола“ елка во дом од 23 милиони долари: Сите зборуваат за новогодишните украси на Кендал Џенер
Познатата манекенка Кендал Џенер нема многу заедничко со своите познати сестри, кои се многу попознати по своите контроверзии отколку што е таа. Неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзината потенцијална врска со 18 години постариот Бен Горам, но Кендал дефинитивно не сака да привлекува внимание кон својот приватен живот.
Таа исто така го држи ова правило да не се истакнува премногу кога станува збор за декорација на домот, па затоа нејзиниот декор „се издвојува“ од остатокот од луксузот што го прикажуваат нејзините познати сестри.
View this post on Instagram
Минимализмот е она што Кендал Џенер го сака, нејзиниот луксузен дом во Монтесито (го купи имотот оваа година за 23 милиони долари) е во природни тонови, како и декорацијата – дискретни светла и „гола“ елка се во центарот на вниманието.
Надворешноста на куќата е исто така украсена во ист тон, доминирана од топли светла и едноставност.
Кендал сподели сè со своите следбеници на Инстаграм и привлече голем број коментари. Барем за промена, една од сестрите Кардашијан Џенер не предизвикува лоши јавни критики, со оглед на тоа што другите често се мета на негативни коментари.
Забава
Рецепт за посни палачинки што ќе ве воодушеват
Посните палачинки се подготвуваат без млеко и јајца, а вкусот нема да ве разочара. Ќе ги направите дури и по завршувањето на постот – сигурни сме во тоа!
Овие посни палачинки се исто толку вкусни како и обичните.
Состојки:
– 500 мл вода (плус уште малку за да се разреди до густина на течен јогурт)
– 350 г меко брашно
– 1 лажичка шеќер
– половина лажичка сол
– 2 кесички ванилин шеќер или арома
– малку рендана кора од лимон (по желба)
– 3 лажици масло за тестото + неколку капки масло за пржење
– 1 лажичка прашок за пециво
Подготовка:
Измешајте вода, шеќер, сол, ванила, масло и рендана кора од лимон. Додадете го брашното и прашокот за пециво. Мешајте додека нема грутки и печете во добро загреан тавче.
Додека печете – намалете, т.е. прилагодете ја температурата за да не изгорат палачинките. Печете ги од двете страни. Намачкајте ги по желба, замотајте ги и – уживајте!

