Контакт

Забава

Златните обувки почнаа да се продаваат во Дубаи

Објавено пред

Чевли изработени од 24-каратно злато, за мажи и жени, од познатиот италијански дизајнер Алберто Морети почнаа да се продаваат во бутикот „Level Shoe District“ во Дубаи.

dobivaj vesti na viber

„Познато е дека на Блискиот Исток, особено во земјите во Персискиот залив, богатите клиенти многу обрнуваат внимание на накитот, како и на луксузната облека. Оттаму, не е воопшто случајно обувките од злато да се појават првпат токму во Дубаи. Локалните потрошувачи, кои имаат можност да видат сè во светот, сега треба да знаат дека можат да купат нешто навистина ексклузивно дома…“, изјавила за новинарите портпаролката на компанијата увозник на суперлускузните обувки, Ранија ал-Масри.

Златните обувки целосно се изработени рачно. Дизајнерот Морети користел кадифе како основа, а потоа на посебен начин е нанесувано чисто злато. Во светот, инаку, постојат само неколку мајстори уметници кои се во состојба да вршат таква прецизна работа.

„Формата, и на машките и на женските обувки, е многу едноставна: тоа се класични женски ‘пантофли’ на ниска потпетица и класични машки мокасини. Златото говори само за себе, па затоа на ваквите обувки не им се потребни никакви дополнителни украси, коишто само би ги преоптовариле“, појаснила ал-Масри.

Цената на еден чифт златни рачно изработени чевли од Алберто Морети во Дубаи чинат четири до четири ипол илјади американски долари. Се очекува по околу три месеца ваквите обувки да бидат продавани и во други земји од регионот.

Блискиот исток троши околу 7,7 милијарди американски долари годишно за купување најлуксузни стоки, а од оваа сума 30 отсто отпаѓа на жителите на Дубаи. Жителите од земјите во Персискиот залив со средни приходи, просечно трошат по 200 долари месечно за обувки, во споредба со, на пример, жителите на САД и Велика Британија, кои се подготвени да потрошат само 31, односно 15 долари за истата намена, просечно, во текот на еден месец./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Николас Кејџ доби една од главните улоги за поинаква приказна за Исус

Објавено пред

Николас Кејџ е еден од актерите кои добија улога во претстојниот хорор филм The Carpenter’s Son. Хорор филмот го режираше режисерот Лоти Нејтан, кој го напиша и сценариото.

dobivaj vesti na viber

Според Deadline, The Carpenter’s Son го истражува животот на младиот Исус Христос и неговото семејство. Станува збор за мрачна приказна за семејство кое се крие во Египет.

Николас Кејџ ќе го игра Карпентер (Џозеф од Библијата), а Ноа Јуп ќе го игра момчето (Исус), пренесува Deadline. Режисерот Нејтан најде инспирација за хорор филмот во Евангелието на Тома од детството, кое датира од 2 век од нашата ера.

Не е познато кога ќе започне снимањето на филмот, ниту кога гледачите ќе можат да го гледаат во кината или на стриминг сервисите.

Прикажи повеќе...

Забава

Не знаат да се опуштат: Хороскопски знаци кои постојано се загрижени за иднината

Објавено пред

Грижата за иднината е вообичаен феномен, а стравот од непознатото може значително да влијае на нашето секојдневие. Додека некои луѓе не се грижат за деновите што претстојат, други постојано се грижат за тоа што може да тргне наопаку. Еве во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои не можат да ја прифатат сегашноста.

dobivaj vesti na viber

Девица
Девиците се познати по нивната склоност кон перфекционизам и аналитички пристап кон животот. Нивната постојана потреба за контрола и детално планирање често ги спречува да се опуштат. Девиците постојано ги анализираат сите можни исходи од настаните и често се грижат за проблемите кои можеби никогаш нема да се појават.

Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и емотивни, а нивното длабоко емоционално вложување во сите области од животот ги прави особено чувствителни на идните неизвесности. Нивниот фокус на скриените аспекти на секоја ситуација може да доведе до прекумерна грижа за потенцијалните негативни сценарија.

Рак
Раковите се многу интуитивни и емотивни, а нивната грижа често произлегува од нивната потреба за сигурност и стабилност. Тешко се справуваат со неизвесноста, поради што често размислуваат за најлошиот исход за психички да се подготват за сите можности.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ким Кардашјан ги шокира луѓето со фустан на Мет гала: „Како може воопшто да дише во ова?

Објавено пред

Синоќа, се одржа годинешната Мет гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашјан, чиј фустан привлече големо внимание.

dobivaj vesti na viber

Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како реалната ѕвезда успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.

„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник. „Како дише Ким Кардашјан? Нејзината половина изгледа толку мала“, рекол друг. „Половината на Ким Кардашјан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.

„Ким Кардашјан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро“, „Не ми се допаѓа Ким Кардашјан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пеколот“, беа некои од коментарите.

Инаку, годинешниот официјален дрескод за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ. Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња, кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметноста, „Метрополитен“, беше преплавен со прекрасни креации, кои тешко може да се видат на друго место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет4 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија4 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија5 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија5 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија16 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија19 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ20 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ20 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет21 час

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...