Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа предлози за измени на закони за поништување на аболицијата

Низа закони поднесоа владејачките партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, кои треба да се донесат во четврток на 102 собраниска седница, по скратена постапка, со цел да се укине аболицијата за 56 лица од претседателот Ѓорге Иванов, но и измени во Законот за заштита на приватноста, заштита на личните податоци, измени на Изборниот законик, како и Законот за општа управна постапка.
Имено, на седницата ќе се рапсрава по Предлог на закон за дополнување на Законот за помилување, Предлог на закон за заштита на приватноста, Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на личните податоци, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управните спорови, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, сите по скратена постапка и сите поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ.„Целта на Предлог на законот е создавање правна основа за поништување на помилувањето дадено од Претседателот на Републиката без претходна постапка, во утврден рок без должност за образложение на истата. Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до Претседателот, при што Претседателот е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи“, се појаснува за првиот предлог за измени на закон.За Законот со кој се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, со кој се утврдува забрана за поседување, обработка, јавно објавување на материјалите кои претставуваат повреда на приватноста на личниот и семеен живот. „Со Законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки. Предлогот на законот се предлага со цел да се утврди заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година“, стои во текстот на предлогот.Со предложените решенија во Изборниот законик ќе се овозможи Државната изборна комисија (ДИК) да обезбеди електронски пристап до Избирачкиот список согласно со овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик.Имено, тоа значи дека во текстот нема повеќе да стои според „прописите за заштита на лични податоци“, туку ќе се заменат со зборовите според „овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик“.Работејќи според досегашниот текст на Изборниот законик, Диракцијата за заштита на личните податоци ѝ наложи на ДИК,да го тргне Избирачкиот список од нејзиниот сајт, особено на оние таканаречени фантомски гласачи, заради можноста да се видат сите лични податоци и другите гласачи, кога пребарувањето беше извршувано според адреса.Предлозите за измени на Законот за управните спорови и Законот за општата управна постапка се однесуваат на решенијата, жалбите и решенијата по жалбите кои се однесуваат на постапката на пријавување на живеалиште./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.
Македонија
Шукова: Негрижата на ДПМНЕ и Арсовска го оставија во заборав булеварот Борис Трајковски

„Булеварот Борис Трајковски како витална сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, е слика на целокупното 4 годишно владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Тоа е одраз на целосна незаинтересираност, темелна негрижа и хаос“, рече денеска Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ која беше на оваа сообраќајница која ги поврзува Кисела Вода и Драчево.
„Четири години ДПМНЕ и нивната избраничка Данела не мрднаа со прст за да ги довршат преостанатите 2,5 км од булеварот Борис Трајковски. Барем Орце Ѓоргиевски, додека пиеја кафиња со Данела Арсовска, да ја посетеше за еден од најгорливите проблеми во неговата општина. По 4 години од актуелната власт, булеварот Борис Трајковски остана ветен, недовршен и небезбеден за над 50.000 граѓани од овој дел на градот“, порача Шукова.
Притоа таа истакна дека ваквото неодговорно однесување наскоро ќе заврши најавувајќи негово целосно завршување.
„Не поради политички маркетинг, не поради пи-ар, туку поради тоа што ова е базична потреба на граѓаните од овој дел на Скопје, нешто што нужно им следи и што е обврска на секој кој ја добил довербата да управува со градот. Булевар како што доликува на Скопје, по сите стандарди, безбеден и ефикасен за надминување на сообраќајниот метеж“, рече Шукова.
Од Булеварот Борис Трајковски Шукова сподели дека нејзината визија за Скопје, е метропола со модерна сообраќајна инфраструктура, логично поврзана со современ јавен превоз, и сообраќајни решенија кои гарантираат ефикасност и безбедност за граѓаните.
Македонија
Божиновска: Признание и почит за рударите – нема компромис со законот, засилени контроли, државата стои зад сите што чесно работат

Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја организираше по повод Денот на рударите.
Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола – човек со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски инженер, а долгогодишно работел и како технички директор. Признание доби и Златко Пажески од рудникот „Сивец“ во Прилеп, кој секојдневно со гордост и посветеност влегува во јамата и во најтешки услови. Тука се и Драгољуб Димитровски од Тораница, Дарко Величковски од САСА, Тони Ѓоргиев од Боров Дол, Шериф Алиу од Гостивар, Аце Маневски од УСЈЕ, Зоран Стојчев од Гранит, Бранко Ѓорѓиев од СОПОТ, Сашо Гиланов од Суводол и други – сите тие, со својата работа и искуство, се симбол на чесност, труд и издржливост.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање порача дека рударите се „темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност“.
„Вашата работа е животна мисија, а не само рофесија. Затоа државата има должност да ви обезбеди подобри услови, поголема безбедност и современа опрема. Но и да покаже јасна решеност дека во рударството нема компромис со законот“, истакна министерката.
Божиновска потсети дека Министерството во изминатиот период ги засилило инспекциските контроли и теренските посети, а само во последните години биле одземени 45 концесии поради непочитување на правилата.
„Државата ќе ги поддржи сите компании кои инвестираат во безбедноста на рударите, се грижат за животната средина и за локалните заедници. Но, за оние што мислат дека Македонија е место каде правилата не важат, имам јасна порака: времето на компромиси заврши. Законот важи за сите – без исклучок“, подвлече министерката.
Со свеченоста Министерството не само што оддаде признание на рударите за нивниот труд и пожртвуваност, туку и испрати порака дека рударството ќе остане силен и одржлив столб на македонската економија – со врвен приоритет секој рудар да биде безбеден и горд кога се враќа дома.