Забава
Екипата на 7-ма брзина дел од летниот избор за македонска убавица во Охрид

Во рамки на промотивните активности екипата на 7МА БРЗИНА имаше прилика да биде дел и од летниот избор за македонска убавица во Охрид.
Токму кадидатките на овој избор имаа прилика да бидат облечени во прекрасните фустани брендирани во заштитниот знак на Државна лотарија на Македонија, детелинката. Овие фустанчиња беа специјално дизајнирани токму за овој убав настан.
Под слоганот Греби и вози Голф 7, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија.
Пред продажното место Прагма Трејд на 10 .07 во присуство на бројни љубители на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, се одржа премиерната промоција на најновта Инстант игра на среќа.
Карванот 7МА БРЗИНА низ својата промотивна рута во Македонија, покрај Охрид, прошета и се доближи до играчите во ТЦ Сити Мол во Скопје, во продажното место Легион во Битола, а во Струмица, пак, се дружеше пред знакот на детелинката на продажните места Ту Би и Ваткос.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.
Интересно е да се потенцира дека 10 среќни играчи ќе имаат прилика благодарение на лозот СЕДМА БРЗИНА да се почестат со премијата Голф 7, но и добивки од 100.000 денари и исто толку од по 50.000 денари. Вкупен број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Новиот ГОЛФ 7, во новиот инстант лоз 7МА БРЗИНА, е навистина крупна шанса за ситни пари да изгребете еден од 10 автомобили, покрај сите парични добивки кои се во игра! /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Незгоден момент: девојката на Леонардо ди Каприо го скина фустанот на свадбата на Безос

Девојката на Леонардо ди Каприо (51), италијанската манекенка Виторија Серети (27), откри дека имала проблем со фустанот за време на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Черети носеше винтиџ фустан од Долче и Габана на забавата во саботата, но славењето очигледно било толку бурно што фустанот не издржал.
Манекенката сподели серија фотографии „како започна наспроти како оди“ на социјалните мрежи, покажувајќи како мал скинат дел се претворил во сериозно скинат фустан.
Денот пред големата забава, во петокот, ди Каприо и Серети присуствуваа на самата венчавка на островот Сан Џорџо Маџоре.
Моделот носеше елегантен црн фустан, а косата и беше собрана во уредна ниска пунџа, додека актерот, кој е во врска со Виторија од мај 2023 година, се одлучи за класичен црн смокинг и црна бејзбол капа.
Забава
Германскиот екс тенисер Борис Бекер го очекува своето петто дете

Борис Бекер (57) очекува дете со неговата девојка, Лилијан де Карваљо Монтеиро, која е 23 години помлада од него.
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил во форма на емотивно видео.
View this post on Instagram
Како што можете да видите, неговата сакана гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак веќе се забележува.
„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша тој во описот, а бројни корисници на интернет испратија честитки и позитивни реакции.
Во неодамнешно интервју за странски медиуми, Борис Бекер зборуваше за тоа колку ја обожава својата драга Лилијан.
„Се запознавме во време кога се чувствував многу лошо – професионално, ментално и физички. Се чувствував полошо отколку што некогаш сум се чувствувал во животот. И покрај тоа, Лилијан беше заинтересирана за мене“, рече тој, меѓу другото.
Борис Бекер има четири деца од претходни врски.
Забава
Шарлиз Терон пред публиката во Лос Анџелес: Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос

Шарлиз Терон не изгледаше импресионирана од венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна 50 милиони долари, во Венеција, на која учествуваа ѕвезди. На забавата организирана од нејзината фондација „Charlize Theron Africa Outreach Project“, таа се пошегува за „венчавката на векот“.
„Мислам дека можеби сме единствените луѓе кои не добивме покана за свадбата на Безос“, изјави актерката пред публиката на настан во Лос Анџелес.
„Но, тоа е во ред затоа што тие се без врска, а ние сме супер“, се пошегува Терон, според „Холивуд репортер“.
Добитничката на Оскар им се заблагодари на своите гости што „одвоиле време да бидат дел од настанот, особено кога се чувствува како светот да гори“.
Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа во петокот вечерта во Венеција.