Македонија
ДУИ и СДСМ со различни решенија за повлекување на аболицијата
Во четврток се очекува до Собранието да пристигнат две иницијативи, на ДУИ и на СДСМ, за повлекување на помилувањето на 56 лица направено од претседателот на државата.
Владејачката ДУИ најавува дека ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување, со кои шефот на државата ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.Од СДСМ сметаат дека предлозите на ДУИ се тешко изводливи, затоа што измените не може ретроактивно да важат и оти најдобро е аболицијата да се поништи преку автентично толкување на Законот за помилувањето, за што во средата, пратеникот од СДСМ Петре Шилегов рече дека ќе биде поднесена иницијатива за изменување на Законот за помилување.СДСМ ќе побара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од Законот не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.Според пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, „криминалната аболиција е врв на сé она што се случува во државата“.„Денес или утре барање за автентично толкување на Законот за помилување ќе биде побарано“, рече Сугарески на седницата на Собранието во среда, свикана откако Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на сите изборни дејствија, по иницијатива на ДУИ.Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека претседателот на државата може да ја повлече аболицијата на барање на секое помилувано лице посебно.Од амбасадата на САД, Европската комисија и НАТО, во среда во посебни соопштенија и изјави побараа решението за аболиција на 56 лица да биде повлечено без какво било одложување, како важен дека за решавање на политичката криза./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

