Забава
Перче коса од императорот Франц Јосиф продадено за 13.000 евра
Едно перче коса на австрискиот император Франц Јосиф коешто за време на неговото владеење било дадено на неговиот собар како додаток на платата, е продадено на наддавање во петокот во Виена за 13.720 евра, што е триесет пати повеќе отколку што првично беше проценето.
Сивата кадрици на царот припаѓало на наследството на Еуген Кетерле, личниот слуга на Франц Јосиф Први, австриски цар и и унгарско-хрватски крал кој владееле од 1848 до 1916 година.
Франц Јосиф кој на тронот остана на 68 години, стана еден од најдолгите монарси во европската историја. Време на владеењето на монархот било сосема вообичаено тие да ги даруваат своите слуги со лични предмети како знак на добра волја и зголемување на нивните плати.
Парчето коса коешто во сеќавање го чувале наследниците на Кетерле во кадифената кутија, првично од страна на аукциската куќа Dorotheum беше проценето на само 450 евра.
Перчето на Јосиф ја надмина цената што ја постигна локната на Наполеон I, која беше продадена на аукција на Нов Зеланд во 2010 година за 10 илјади евра. Сепак, иако е продадено за повеќекратна сума, императорското перче со постигнатата цена не успеа да ја надмине онаа на поп ѕвездата Џастин Бибер чии влакна од косата пред две години на електронска аукција на eBay беа продадени за 30 илјади евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите Rock & Roll Hall of Fame во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата Gossip Girl се појави во долг фустан од тантела, без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамни.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект, што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит-серијата Gossip Girl од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција бидејќи тоа е огромна можност. Gossip Girl е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.

фото: принтскрин

