Забава
Сурогат мајка роди близнаци двојката го земала само здравото бебе
Парични донации од целиот свет пристигнуваа во неделата за помош на тајландска сурогат мајка којашто на австралиска двојка ѝ родила близнаци, но двојката го земала само здравото женско бебе додека близнакот со Даунов синдром го оставила на грижа на Тајланѓанката.
Кампањата покрената на интернет резултираше со собрани 140 илјади евра за 21-годишната Патарамон Чанбу од провинцијата Чaнобури во јужен Тајланд, која во декември 2013 година родила близнаци за австралиска двојка за надомест од 11 илјади евра. Меѓутоа, двојката го земала само девојченцето, а одбила да го преземе и момченцето кое пати од трисомија на 21-от хромозом и има сериозни срцеви проблеми.Австралискиот министер за доселеништво изјави дека станува збор „за приказна којашто го кине срцето“ и повика на „морална одговорност“ на сите инволвирани. „Можам да ја разберам желбата и маката на оние кои сакале да бидат родители, но овој случај, исто така, поставува сериозни прашања на кои мора да им се пристапи со најголема внимателност“, изјави министерот Скот Морисон.Според австралиските медиуми, посредникот кој ги споил двојката и младата Тајланѓанка ѝ советувал да абортира откако била поставена дијагнозата за Даунов синдром, но таа одбила од верски причини.Момченцето е хоспитализирано, но неговото здравствено ситуација е таква што девојката и нејзиното семејство не можат да ги покријат трошоците на лекувањето./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.