Македонија
Пломп: Потребна е истрага за да се утврди политичка и законска одговорност

Собранието е најважната политичка институција, каде треба да се утврдува политичка одговорност, а во исто време Специјалната обвинителка треба да може да ја заврши својата работа кога станува збор за законската одговорност, вели холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Мислам дека е многу важно тука да се направи јасна дистинкција меѓу политичката одговорност и законската одговорност. Кога се зборува за политичка одговорност, логично е дека Собранието е најважната политичка институција, која треба да ја одигра главната улога. Затоа во Собранието е формирана таква анкетна комисија. Мислам дека е добар знак тоа што е постигнат договор за составот на Анкетната комисија, дека Анкетната комисија започна со работа. Важно е што сите соработуваат и комисијата ќе може да ја врши својата работа за да ја утврди политичката одговорност, а во исто време се разбира и Специјалниот обвинител да може да ја заврши својата работа и сите институции да соработуваат за да ѝ овозможат да си ја заврши својата работа кога станува збор за законската одговорност. Се разбира, овие прислушувања содржат многу сериозни обвиненија кои треба да бидат утврдени и затоа е потребна истрага која е многу важна за да се утврди и политичка и законска одговорност“, смета Пломп.
Според него, главна одговорност за успехот на Договорот од Пржино и за успешноста на изборите до година, без оглед каков ќе биде исходот, лежи во Владата, во Собранието и во институциите и можеби во овој момент во политичките лидери на четирите партии кои го ставија својот потпис на договорот од Пржино, и мора да се потрудат да направат да функционира./крај/рсе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Муцунски ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи: зајакнување на односите меѓу двете земји во фокусот на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 12:00 часот, во рамки на работната посета на Атина, ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Како што извести Министерството, во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, се додава во соопштението на Министерството.