Македонија
Спасовски и Ременски официјално станаа министри
Пратениците во Собранието едногласно ги изгласаа Оливер Спасовски и Фросина Ременски за министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, со 101 глас „за“, а ниту еден против.
Третиот минстер кој денеска беше избран во парламентот, ги доби само гласовите на владејачката коалиција, а пратениците од опозицијата гласаа против одлуката досегашниот заменик-министер Марта Арсовска-Томовска, да ја преземе испразнетата фотелја во Министерството за информатичко општество и администрација, по заминувањето на Иво Ивановски.Гласањето на опозицијата по изборот на Арсовска-Томовска наиде на неодобрување во редовите на пратениците од власта, а новата министерка беше сепак изгласана со 71 глас „за“ и триесет и еден глас „против.“Новоизбраните министри дадоа свечена изјава пред парламентот дека одговорно ќе ја вршат функцијата и дека ќе го почитуваат Уставот.Независната пратеничка Роза Топузова Каревска рече дека новата техничка влада, воопшто не е тоа во Македонија, затоа што според дефиниција техничка влада значи на чело на министерствата да стојат професионалци од струката, а тоа не се Оливер Спасовски кој е на чело на министерството за внатрешни работи, ниту, Ременски, на чело на Министерството за труд и социјална политика.За Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија од денеска доби хибридна влада во која учествува и опозициската СДСМ. Која според него со тоа што дала двајца министри, станала хибридна партија, која повеќе не е само опозициона.Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ појасни дека СДСМ не може да биде коректив на власта, како што најави Горан Сугарески од СДСМ, затоа што повеќе не се опозиција, која по дефиниција е коректив на власта.„СДСМ сега е дел од власта и за тоа ќе треба да си преземите одговорност. Ние имаме големи предизвици, како бегалската криза, како закани по безбедноста од тероризам, министерот за труд и социјална работа треба да ги продолжи проектите кои дадоа големи резулати“, рече Димовски, кој СДСМ ја нарече квази партија.Тимчо Муцински е избран за заменик министер во Министерството за информатичко општество со 69 гласови „за“, Митко Чавков е изгласан со 97 гласови „за“, Диме Спасов заменик министер во министерството за труд и социјална политика е избран со 95 гласови „за“, Кире Наумов на предлог од СДСМ е изгласан за 97 гласови „за“, Љупчо Николовски е избран за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство со 97 гласови „за“, Александар Кирацовски, на предлог на СДСМ, е избран за дополнителен заменик во министерството за информатичко општество со 99 гласа „за“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

