Општество
Отворена приватна детска градинка во „Јахја Кемал“
Приватна детска градинка во рамки на колеџот „Јахја Кемал“ во Скопје, во вторник беше пуштена во употреба, која ќе сместува шеесетина деца.
Почетната инвестиција е околу 700 илјади евра, а планирана е и дополнителна инвестиција од околу 800 илјади евра. При изградбата на градинката колеџот ги користел поволностите за намалени комуналии за градба за 95 отсто.„Ова е 26 приватна детска градинка која се отвора во изминатите неколку години и која влијае на отворање на дополнителни 1.550 места за згрижување деца од предучилишна возраст. Досега во изградбата и опремувањето на детската градинка се инвестирани околу 700.000 евра. Градинката нуди модерни и современи услови, на почетокот ќе згрижува шеесетина деца, но се планира натамошно инвестирање со кое вкупна инвестиција ќе биде околу еден 1,5 милиони евра“, рече на отворањето на градинката министерот за труд и социјална плолитика, Диме Спасов.Општина Карпош аплицирала за грант за средства од Светска банка преку Министерството за финансии кој веќе е одобрен, по што се очекува во 2016 година да започне со изградба на детска градинка во населеното место Бардовци.Градоначалникот на општината Карпош Стевчо Јакимовски рече дека како локална самоуправа заедно со МТСП планира да ја заврши реконструкцијата на градинката „Пролет“ во Козле.„Потоа со средства на општината ќе се реконструираат градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 и со грант од Светска банка ќе се гради градинка во Бардовци. Останува да биде реконструирана уште градинката во Карпош 4. Со ова практично сите градинки на територија на општина Карпош ќе бидат како нови“, рече Јакимовски.Додаде дека еден дел од Основното училиште „Вера Циривири Трена“ во Карпош 2 ќе биде пренаменет за приватна детска градинка. Министерот Спасов ја најави мерката која треба да почне да се применува од другата година, а тоа е грант од 10 илјади евра за отворање приватна детска градинка. „Станува збор за грант за основање приватни градинки во висина од 10.000 евра. На ваков начин планираме да поттикнеме најмалку отворање на 10 приватни градинки преку овие грантови во 2016 година. На таков начин треба да се отворат нови 50 работни места и да се создадат околу 500 нови места за згрижување деца од предучилишна возраст“, рече Спасов./крај/мф/бб
Извор: MIA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.