Македонија
Седницата на СЈО за работата на Јанева презакажана за вторник
Советот на јавните обвинители повторно ја презакажа седницата на којашто требаше да бара отчет од Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Седницата првично требаше да се одржи на 21-ви јануари, но беше презакажана за 27-ми јануари, а според најновите информации од Советот, седницата ќе се одржи во вторник на 23-ти јануари, еден ден порано.„Седницата најавена за 27-ми јануари (среда) е поместена понапред ,и истата ќе се одржи утре 26.01.2016 (вторник) со почеток во 11 часот. По завршувањето на седницата, претседателот на Советот на јавните обвинители на РМ, Петар Аневски ќе даде изјава за новинарите“, се вели во соопштението од Советот.На седницата требаше да се расправа за начинот на кој Специјалното обвинителство ги презеде прислушуваните материјали од СДСМ, односно како што изјавија од Советот, дали се постапило законски и дали бил изготвен записник.Специјалното јавно обвинителство минатата недела испрати соопштение до јавноста, во кое вели дека постапила законски при преземањето на материјалите од СДСМ.„Околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби. Појаснуваме дека се работи за материјал предаден на барање на јавниот обвинител, чија содржина е од сензитивен карактер и како таква подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување, а имајќи ги предвид законските одредби со кои се регулира класификацијата на информациите и заштитата на приватноста“, се вели во соопштението што го испрати Јанева./крај//мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството
Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.
„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1“, порача тој.
Со СДСМ, како што рече, е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.
“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи дека платите во здравството ќе продолжат да раснат.
„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.
СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.
Македонија
Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права, направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот
Македонија се наоѓа пред сериозна одлука а изборите кои следат во себе не го носат изборот која партија ќе победи, туку каква иднина ќе се одбере, за себе и за своите семејства. Главниот проблем, е што државата е одземена од рацете на народот. Контролата е во стотина души кои управуваат со се во земјава, без одговорност, со многу криминал и корупција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гостивар.
Мицкоски додаде дека нема поголем тендер од кој артановци, бујаровци, и зечевци не собираат процент.
– Тука во Гостивар на пола пат од Тетово се сликаа со лопатите, наместија бини, сечеа ленти за нови автопати дел од коридорите 8 и 10д, еве помина година дена, дупка не ископаа, не па автопат да изградат. Повеќе од 300 милиони евра исплатија во ветар. Таму подизведувач е омилената фирма на ДУИ, бидејќи ДУИ управува со државата наместо народот, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека Артан, Бујар и Талат си се послужуваат со Македонија, затоа што имаме слаб СДСМ кој дозволувајќи го тоа скапо си ја купува власта, и деновите поминати во фотелја.
„И овие денови ги слушам оние обвинувања кои се редовен декор секогаш кога ДУИ е нападнато, поради криминал и корупција. Нападното е затоа што се фатени како ја ограбуваат Македонија. И не ги ограбуваат само Македонците. Ги ограбуваат сите, и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Бошњаците, ја ограбуваат Македонија. Фатени во грабеж, обвинуваат дека сме имале против Албанците и затоа сме ги напаѓале“, изјави Мицкоски.
Посочи дека има против ДУИ кои ги злоупотребуваат, меѓу другото и Албанците и нивната мака.
– ДУИ која врз митот права за Албанците, и Артан, и Али направија милиони евра за себе, имаат имот како шеици од Саудиска Арабија, додека албанскиот народ гладува и се сели од Македонија. Најголемата злоупотреба овие дваесет години е состојбата со правата на Албанците кои овие криминалци од ДУИ се обидуваат кога се фатени во криминал да ја наметнат како тема. Секогаш кога тие зборат за ова, на своето конто си редат по уште еден милион народни пари, нагласи Мицкоски.
Оценио дека ДУИ тоа го прават затоа што се исплашени и знаат дека им доаѓа крајот на своето владеење.
– Ќе одат во опозиција, а таму ќе мора најпрвин да одговараат за криминалот, а потоа да се реформираат, рече тој.
Мицкоски нагласи дека бранот е создаден, иако работата не е завршена, мора да се излезе на гласање во вториот круг за да се победат сите сценарија на СДСМ и ДУИ заедно и дека таквите сценарија се победуваат само со голема излезност.
Македонија
Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори
Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари – кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.
Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.