Култура
Словенија и Македонија ќе соработуваат на културен план
Словенечкиот министер за култура, Жига Турк упати покана до министерката за култура Елизабета Кначеска Милевска за присутво на конференцијата на Советот на министри на ЈИЕ во април следната година која ќе биде во духот на 1.150 години од започнувањето на ширењето на мисијата на светите словенски бра
На сребата меѓу министрите, во рамки на еднодневната посета на Словенија, Турк ја покани Канческа Милевска на министерската конференција на Форумот на словенски култури, настани од исклучително значење за двете земји.
На средбата двајцата министри изразија задоволство од досегашните односи меѓу двете земји кои се базираат на долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка, како на билатерален. така и на мултилатерален план.
„Министерот за култура на Словенија на средбата потенцираше дека Словенија го следи напредокот на Република Македонија во процесот на интеграција во Европската унија и изрази подготвеност да помогне во евроинтегративните процеси на нашата земја“, соопштија од министерството за култура.
Канческа -Милевска на средбата изрази благодарност и за ангажманот околу организирањето на „Деновите на македонската култура“ во рамки на манифестацијата „Марибор, европска престолнина на културата 2012“.
Воедно упати покана до министерот Турк да ја посети Македонија и да ги види сите инвестиции и сите инфраструктурни објекти од областа на културата кои се од големо значење за Република Македонија и важен чекор во остварувањето на културата.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети и Националната универзитетска библиотека каде што оствари средба со директорката на библиотеката, Матеја Комел Сној на која разговараа за идната соработка меѓу инстутуциите од двете земји во областа на библиотечната дејност.
„На огромно задоволство, на министерката Канческа -Милевска и’ беа презентирани значајни историски ракописи кои се чуваат во трезорите на библиотеката, меѓу кои се и ракописите од 12 и 13 век: Кодексот од 12 век и Македонски посен триод од 13 век, како и писма и кораспонденција со нашите писатели Чашуле, Матеја Матевски и Гане Тодоровски“, соопштија од минстерството.
Канческа-Милевска на средбата ги презентирала проектите од областа на книжевноста кои се реализираат во Македонија, со акцент на дигитализација на културното наследство.
Директорката на библиотеката Матеја Комел Сној изрази желба за поголемо присуство на експерти од Македонија на стручните конференции за архивирање и конзервација на книжевното наследство. На средбата стана збор и околу искуствата на Словенија, во поглед на работата на Центарот за книга кој во оваа земја функционира веќе 3 години и е задолжен за меѓународна промоција и субвенција на словенечкото книжевно творештво. Беа разменети и мислења и искуства во насока на плановите за формирање таков центар во Македонија.
Министерката за култура оствари средба и со Андреа Рихтер, претседател на Форумот на словенски култури. На средбата, освен за актуелните проекти кои Министерството за култура ги има како членка на Форумот. Воедно, беа разменети мислења за одбележување на 10 годишниот јубилеј од постоењето на Форумот на словенски култури во 2014 година..
Во Марибор министерката Елизабета Канческа-Милевска ќе оствари средба со директорката на манифестацијата Марибор-европска престолнина на културата, и ќе ги посети локациите каде настапуваа македонските уметници, за кои имаше голем интерес од страна на јавноста. Канческа-Милевска вечерва ќе присуствува на изведбата на претставата „Хамлет“на Драмскиот театар, со што се заокружуваат Деновите на македонската култура во Марибор.крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Џез под ламба“ повторно во Центар, магична божиќна атмосфера со Мартина Елиора и нејзиниот бенд
Општина Центар на 27 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе го одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанската амбасада.
Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора со нејзиниот бенд, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Ги поканувам сите љубители на добрата музика да ни се придружат и да ја споделиме божиќната атмосфера. Да ја продолжиме оваа навистина убава традиција, која му дава посебен и препознатлив шарм на Центар“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ веќе трета година е дел од програмата за култура на Општина Центар, музички настан кој го промовира џезот и македонските изведувачи.
Култура
Македонското глумиште денес се простува од својот колега, актерот Лазе Манасковски
Драмскиот театар – Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11.30 до 12.30 часот во капелата на гробиштата.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година тој се вработил во Драмскиот театар – Скопје, каде што бил професионално ангажиран сè до неговото пензионирање во 2022 година.
Kомеморација во чест на починатиот актер ќе се оддржи во неговата матична куќа, Драмскиот театар – Скопје, на 24 декември (среда) во 12 часот.
Култура
Новогодишен концерт „Кадифено“: Зарина Првасевда ја исполни Филхармонијата со традиција и современ звук
Во саботата, 20 декември се одржа новогодишниот вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов “Кадифено”. Во преполната сала на Филхармонија, беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори.
Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк Ердоган, кој по неколку минутниот аплауз од публиката, повторно се вратија на бис.
“Бев многу среќен на концертот, најмногу поради комуникацијата која се оствари меѓу нашите култури и традиции. Многу ми се допадна музиката која ја отсвиревме, ми се допаднаа и приказните зад секоја од композициите, особено бидејќи Зарина беше доволно љубезна да ја раскаже приказната зад секоја од песните. Со тоа, јас дополнително се внесов во интерпретацијата на секоја од нив, бидејќи ги бирав акордите во зависност дали е љубовна песна или песна со трагичен крај. Целиот амбиент, салата, декорацијата на бината направи да се чувствувам како дома, како да седиме со моите пријатели и свириме од срце. Би сакал да дојдам повторно, се радувам на таа идеја” – изјави Џенк Ердоган, виртуозот на фретлес гитарата од Турција кој е Греми награден артист и еден од гостите музичари на концертот.
„Настапот со уметници со светско значење како Џенк, Ахмет, Андреа и Тони претставува исклучителна чест и задоволство. Концертот отвори можност традиционалната музика да се согледа од поинаков агол и пред публиката да се претстави еден современ пристап кон народното музичко наследство. Особено ме радува што публиката имаше можност преку овој настан да се поврзе со светот и да доживее музичко искуство исполнето со нова енергија и чувствителност. Атмосферата беше навистина магична, а големата посетеност и бројните пораки исполнети со топлина, мекост и милина кои ги добив по концертот потврдуваат дека оваа идеја беше препознаена и прифатена.Искрено сум благодарна на сите кои со својата посветеност и поддршка придонесоа за успешната реализација на овој концерт.“ – изјави Зарина.
На концертот настапија и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина како и младата и надежна контрабасистка, Андреа Мирческа.
„Кадифено“ е концертен настан што создава дијалог меѓу традиционалната музика, модерниот звук и интернационалната музичка извонредност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт претставува само почеток на концертниот циклус на Зарина, кој ќе продолжи и во текот на следната година, кога се планирани снимање и издавање на нов албум, како и нов концертен проект.
Фотограф: Стефан Рајхл, соопштение „Друга страна“

