Македонија
ИРИ: Институцијата Претседател оценета како најчесна
Македонските граѓани оценуваат дека институцијата Претседател на Република Македонија е најчесна и ја рангираат како последна на скалата за корумпираност, покажува најновата анкета на ИРИ.
На прашањето, до кој степен сметате дека постои корупција во наведените институции, најголем дел од испитаниците ја оцениле институцијата Претседател како некорумпирана, 25 отсто, а само 5 отсто мислат дека е корумпирана. По Претседателот, според граѓаните, најмалку корумпиран е граѓанскиот сектор 14 отсто , потоа следи Собранието 8 отсто и Катастарот за недвижнини 10 отсто.Најкорумпирани, според македонските граѓани се судовите 45 отсто, а потоа следат здравствените институции 42 отсто, царината 36 отсто, образовните институции 34 отсто и медиумите 32 кои испитаниците ги оценуваат високо на скалата на корумпираност.Институцијата Претседател и натаму котира на врвот, според степенот на доверба од страна на граѓаните. На прашањето до кој степен им верувате на институциите во однос на нивните активности во изминативе 12 месеци, 38 отсто од испитаниците се изјасниле дека му веруваат на Претседателот на државата. Поддршка од граѓаните, со доверба од 32 отсто ужива Владата, потоа следи Катастарот за недвижнини со доверба од 29 отсто од испитаниците, па јавната администрација на која ѝ веруваат 26 отсто од испитаниците. Најмалку доверба од граѓаните, 15отсто односно 14 отсто, имаат политичките партии односно синдикатите.Институцијата Претседател на Република Македонија е и со најголема средна оценка по однос на севкупната работа. Запрашани да дадат оценка од 1 до 5, граѓаните ја оцениле институцијата Претседател на Република Македонија со просечна оценка 2,7, додека за Владата просечната оценка е 2,55 и за Собранието 2,31. Граѓаните ја оцениле опозицијата со 2,28, додека медиумите со оценка 2,51.Ѓорге Иванов, Претседателот на Република Македонија е со највисоко позитивно мислење кај испитаниците, додека зад него се премиерот Никола Груевски, лидерот на опозицијата Зоран Заев и лидерите на другите политички партии во земјата.Споредбено со неколку последователни анкети како и со анкетата на ИРИ од јуни 2015 година, претседателот Иванов и институцијата Претседател на Република Македонија ги задржуваат водечките позиции и континуираната позитивна оценка кај граѓаните, како најчесни и со најголема доверба. Анкетата на ИРИ е спроведена во периодот од 29-ти септември до 5-ти октомври годинава, на репрезентативен примерок од 1.106 испитаници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.
Македонија
Гаши на средба со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија.
На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење.
Претседателот Гаши изрази задоволство од реализирањето на средбата и ја истакна досегашната плодна соработка со Канцеларијата на постојаната координаторка, која, како што нагласи, значително придонесува за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите.
Постојаната координаторка Колумбија ја поздрави иницијативата и ја потенцираше поддршката на системот на Обединетите нации за активностите на Собранието поврзани со спроведувањето на договорите и проектите што се реализираат во партнерство со агенциите на ОН. Таа нагласи дека во иднина акцентот ќе биде ставен на заедничките напори за унапредување на образованието, создавање подобри услови за лицата со попреченост, промовирање на родовата еднаквост и понатамошно јакнење на улогата на жените во општеството и во парламентот.
На крајот од средбата, претседателот Гаши изрази благодарност до системот на Обединетите нации во Република Северна Македонија за нивните активности и поддршка во областите на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето и рамномерниот регионален развој, како и за досегашната конструктивна соработка со Собранието и неговите работни тела.

