Забава
Заврши Lovefest 2014 – три фестивалски денови, со повеќе од 25.000 посетители
Три фестивалски денови, повеќе од 25.000 посетители и љубовна енергија која допре до сите држави во Регионот – тоа е билансот на овогодинешниот Lovefest 2014, кој се одржа од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка бања, Србија.
Осмото издание на фестивалот, уште во првите 24 часа го сруши рекордот на посетеност на фестивалот, со повеќе од 20.000 луѓе кои влегле на Островот на љубовта.
Честа да го отворат Lovefest 2014, ја имаа Partibrejkersi, додека честа да биде главна ѕвезда на првата вечер ја имаше визионерот и легендата на електронската музика, Jeff Mills. По него, на трите фестивалски дена и трите стејџа се редеа имиња како Mark Knight, James Zabiela, Bad Copy кои настапија заедно со нашиот Гоце САФ, Marko Nastic, Finebassen, Doctor DRU, Rambo Amadeus и многу други музички ѕвезди од регионот и целиот свет.
„Lovefest 2014 беше неверојатен. Кога ја видов масата луѓе пред сцената, едвај чекав да излезам и да го почнам сетот. Почуствував огромна енергија од публиката, на која им возвратив со мојата музика. Одлично искуство по кое ќе го паметам моето гостување на овој фестивал,” изјави Robert Hood, еден од хедлајнерите на првиот фестивалски ден.
Од останатите артисти кои ја воодушевија публиката, Jeff Mills се претстави со тричасовен сет кој претставуваше спој на дигитален и аналоген звук, додека домашните миленици Marko Nastic и Lea Dobricic со одлични перформанси го затворија Fire Stage-от.
Вреди да се нагласи дека покрај Гоце САФ кој настапи со Bad Copy и со свој соло настап, на стејџовите во Врњачка бања, Македонија ја претставуваа и диџеите Горан Кан, Апостолски и Видиновски.
Следната година се очекува и зголемување на бројот на македонски претставници на Lovefest, што ќе биде уште поголем предизвик за Македонците да бидат дел од фестивалот во уште поголем број.
Организаторите, задоволни од овогодинешниот рекорден Lovefest, најавуваат уште помоќен музичко-сценски спектакл, иако и овогодинешното издание покажа дека најљубовниот фестивал на Балканот и тоа како успеа во својата намера – да го рашири љубовниот флуид низ целиот регион.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат
Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат пред една од најсилните бури што ја погодија земјата оваа година.
Бурата помина над северниот дел од најнаселениот остров Лузон, соопшти метеоролошката агенција ПАГАСА, носејќи поројни дождови, ветрови од 185 километри на час и налети од 230 километри на час. Ова е 21-ва бура оваа година што ја погоди земјата, која сè уште се опоравува од тајфунот Калмаеги, во кој загинаа 224 лица на Филипините и пет во Виетнам.
Лузон и островот Источен Висајас беа главни цели на тајфунот, каде што едно лице се удави, а друго беше заробено под урнатините, соопштија властите. Се очекува бурата да ослабне како што се движи кон внатрешноста.
Неколку аеродроми, вклучувајќи го Сангли во близина на главниот град Манила и Бикол на југ, беа затворени. Се очекува Фунг-вонг да се движи кон север кон Филипините и да стигне до крајбрежните води како тајфун во понеделник наутро, соопшти ПАГАСА. Се очекува да ослабне кога ќе стигне до Тајван во четврток.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најзгодната Британка никогаш не била толку секси
Ѕвездата од ријалити шоуата, Маура Хигинс, се појави на престижниот настан „Women of the Year“, кој традиционално секоја година собира голем број познати убавици.
Како и обично, Маура се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, а најзаслужна за тоа беше нејзината провокативна облека. Исто како и на нејзиното претходно јавно појавување, ријалити убавицата ги оправда очекувањата.

Црниот вечерен фустан со проѕирни делови, така што само градите ѝ беа покриени со свила, остави магичен впечаток кај сите. Таа маестрално и самоуверено ја истакна својата завидна фигура за собраните фотографи.

„Најзгодната Британка“, како што популарно ја нарекуваат, не сакаше да претерува со деталите и да „уништи“ сè што постигна со фустанот, па затоа не носеше впечатлив накит или впечатлива шминка. Ја собра косата во пунџа и остави прамен од едната страна.

Целата убавина и раскош на заводливата Маура дојдоа до израз, и иако беше многу провокативна, ја задржа својата смиреност и ги освои сите со својата елеганција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Северина се сплетка и падна: скокаше на концерт во високи потпетици, а потоа го бакна подот
На социјалните мрежи почна да кружи видео од концерт на Северина, која во еден момент падна на сцената.
За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во штикли, а во еден момент се сопна и падна на глава.
„Опа“, извика момчето што го сними падот на пејачката.
Таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.
фото: принтскрин

