Контакт

Забава

Шест универзитети во Индија отвораат катедри за јога

Објавено пред

Шест индиски универзитети од следната академска година ќе отворат катедри за јога, изјави министерката за развој на човечките ресурси, Смрити Зубин Ирани.

dobivaj vesti na viber

„Шест централни универзитети почнувајќи од учебната 2016/2017 година ќе отворат комплетни катедри за јога, таа бројка ќе се зголеми на дваесет наредната година“, го цитираат индиските медиуми соопштението на Ирани.

Под централни универзитети во Индија се подразбираат државни факултети и други универзитети, кои го добиваат тој статус од специјална владина комисија. Вкупно во земјата има околу 50 вакви образовни институции.

Според министерството, одлуката е донесена во согласност со препораките на специјалната работна група, којашто, меѓу другото, предложила воспоставување различни курсеви, од едноставни курсеви за обука со сертификат до додипломски, магистерски и докторски степени на „јогистички науки“.

Министерката истакнала дека академците мора да работат за да го зајакнат научното значење на оваа дисциплина со емпириски истражувања. Покрај тоа, во врска со отворањето на катедрите за јога, таа предлага да се разгледа можноста за воведување на национален квалификациски тест по предметот за заинтересираните за овие студии./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Дејвид Бекам заврши во болница

Објавено пред

Од

Судејќи според Инстаграм сториите објавени од Викторија Бекам, познатиот фудбалер Дејвид Бекам заврши во болница.

dobivaj vesti na viber

Таа сподели две фотографии: на едната лежи во болница со прекрстена рака и насмевка на лицето, а на другата држи нараквица што децата му ја направиле од монистра со натпис: „Тато, оздрави брзо“.

Дали бил опериран поради стара повреда?

Извор откри за „Дејли Меил“ дека Бекам бил опериран поради проблем со зглобот што го повредил пред 22 години за време на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Јужна Африка во Дурбан во мај 2003 година.

 

Потоа во зглобот бил вметнат шраф кој требало да се скрши со текот на времето, но не се скршил, што довело до болка и непријатност години подоцна. Поради зголемената болка, Бекам решил да се подложи на операција за конечно да го отстрани шрафот.

Хоспитализацијата на Дејвид не го спречи да објави серија фотографии по повод роденденот на мајка си и да ѝ испрати трогателна честитка:

„Среќен роденден, мамо. Те сакаме многу. Ти благодариме што секогаш си тука за нас. Те сакаме“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Во објавата, тој ги тагна и членовите на семејството – синовите Бруклин, Ромео и Круз и сестрата Џоан, додека додаде хаштаг за најмладата ќерка Харпер, која сè уште нема Инстаграм.

Прикажи повеќе...

Забава

Уште една ѕвезда му го сврте грбот на Трамп: „Не можам повеќе“

Објавено пред

Легендарниот музичар Род Стјуарт одлучи дека повеќе нема да биде пријател со претседателот Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Како главна причина, Род Стјаурт ја наведе континуираната поддршка на администрацијата на Доналд Трамп за бруталната израелска воена кампања во Газа, во која, според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 55.000 Палестинци се убиени од октомври 2023 година, објави huffpost.com.

Стјуарт неодамна даде интервју за Радио Тајмс за да го промовира својот настап на фестивалот Гластонбери, само за да се соочи со Трамп, британскиот премиер Кир Стармер и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху – откако беше прашан дали сè уште го смета Трамп за пријател.

„Не, повеќе не можам“, рече Стјаурт, а потоа продолжи: „Сè додека им продава оружје на Израелците – и сè уште го прави тоа. Кoga некогаш ќе престане оваа војна? Треба да престанеме да им продаваме. Што рече Стармер вчера? Се откажаа од трговските преговори?“.

Потоа додаде: „Каква крвава разлика ќе направи тоа? Некој мора да направи нешто. Она што Нетанјаху им го прави на Палестинците е токму она што им се случи на Евреите. Тоа е уништување, и тоа е сè што сака – да се ослободи од сите нив.“

„Не знам како спијат ноќе“, додаде тој.

Ова не е прв пат Стјуарт да го критикува Трамп.
Сепак, Стјуарт често се дружел со поранешниот магнат за недвижности.

Во последното интервју, тој објасни дека живее „буквално 80 километри“ од одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго, во Флорида и дека некогаш „го познавал многу, многу добро“.

Прикажи повеќе...

Забава

Колку често треба да ја миете косата во лето?

Објавено пред

Од

Со доаѓањето на летото, т.е. високите температури, многу жени не знаат колку пати неделно треба да ја мијат косата. Сепак, експертите објаснија што е прифатливо.

dobivaj vesti na viber

Д-р Палави Бредшо изјави за „Дејли меил“ дека жените треба да ја мијат косата секој ден, иако многумина мислат дека тоа не е препорачливо.

Доколку страдате од алергии на полен, Бредшо препорачува секојдневно капење, користејќи топла, а не жешка вода за да избегнете сушење на кожата. Д-р Бредшо, исто така, препорачува секојдневно миење на косата.

„Сакате вашиот скалп да биде што е можно почист за поздрав раст на косата. Замислете ја негата на скалпот како нега на кожата. Секогаш препорачувам да ја миете косата најдоцна на секој трет ден. Сепак, во лето можете да ја миете секој или секој втор ден без да се грижите“, изјави таа за Yahoo!

Една од главните грижи поврзани со негата на косата е сувоста. За да го спречите ова, користете хидратантни производи.

„Овие производи содржат есенцијални липиди кои ја враќаат хидратацијата „изгубена“ во текот на жешките летни месеци“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија39 минути

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија47 минути

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија2 часа

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Свет2 часа

Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и...

Македонија3 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет3 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет3 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет3 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет3 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет3 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија14 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија18 часа

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија20 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија21 час

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија22 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет1 ден

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија1 ден

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија1 ден

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...