Македонија
Повторно расте бројот на мигранти на јужната граница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/migranti-13.jpg)
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.031 странски државјани, од кои 489 се од машки пол, 198 се од женски и 344 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–441, Сирија-436 и Ирак-154. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 22.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 37.835 странски државјани, од кои 15.979 се од машки пол, 8.115 се од женски и 13.640 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.716, Авганистан-12.286 и Ирак-6.830. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 22.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми најдени во куќа во село Ложани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/oruzje-2.jpg)
Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3, како и Фалсификување на огнено оружје согласно член 396-а став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор.
Осомничениот 28-годишник, во својот дом во селото Ложани неовластено држел оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети и за кои не може да се добие дозвола за поседување.
Полицијата кај него пронашла автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми за автоматското оружје. На пушката ги фалсификувал ознаките со бришење и уништување на фабричкиот број на оружјето.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постои реална опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува постапката со влијание врз сведоците доколку се брани од слобода
Македонија
Студеното утро донесе минусни температури насекаде
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/ptica-zima.jpg)
Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има снежна покривка од 30 сантиметри, а во Маврови Анови 12.
Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Македонија
Денес студено утро, а преку ден до 11 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/zima-sonce.jpg)
Утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.