Контакт

Македонија

Министрите со Груевски за остварување на барањата на жителите, СДСМ бара отчет од него

Објавено пред

Министри од повеќе ресори и градоначалници, во четврток, заедно со претседателот на ВМРО-­ДПМНЕ Никола Груевски, ги анализираа досега спроведените активности за исполнување на барањата од жителите од повеќе општини при посетите од владини функционери, и предлагаа решенија за побрза реализација на проектите.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна пак, опозициската СДСМ смета дека Груевски, кој со месеци нема никаква државна функција, денеска повторно ги понижува министрите и градоначалниците принудувајќи ги да му даваат отчет.„Груевски нема кредибилитет ниту овластување за некој нему да му дава отчет. Груевски е тој кој ќе даде отчет за сработеното, но пред истражните и судските органи и ќе одговара за целиот криминал“, велат од СДСМ.„Како политичка партија веќе долг период сме прифатени кај граѓаните дека сме политичка гарнитура која што стои зад дадениот збор, стои зад ветувањата, стои зад она што ќе го вети при средбите со граѓаните. Огромна одговорност е да се испорача ветеното и да се одговори на потребите на луѓето во онаа мера колку што е можно и колку што е ветено“, рече Груевски.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информираше дека на барање на жителите ќе се реализира ветувањето за целосна обнова и проширување на патот Македонски Брод – Скопје, во должина од 14,5 километри, за што ќе бидат инвестирани три милиони евра, а се планира тендерот да биде распишан за 10 дена.Во септември ќе почнат активности и за обнова на делницата Неготино – Демир Капија, што е најоштетен дел од автопатот „Александар Велики“. Реконструкцијата на 16 километри од патот во двете насоки ќе трае една година. Мисајловски ги претстави и двата плана за подобро инфраструктурно поврзување меѓу Гостивар и Кичево, едниот со изградба на автопат, а вториот со реконструкција на постојната делница. Тендерот за реконструкција, како што најави, треба да биде објавен деновиве, а во октомври да се избере компанијата за градежните активности. Ќе се обновуваат 30 километри пат во што ќе бидат вложени шест милиони евра. Се очекува градежните работи да завршат за една година.Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески информира дека се изработуваат проекти за асфалтирање на три улици во вредност од 2,3 милиони денари, што треба да почне кон крајот на годинава. За осветлување на трите пристапа кај Коњско што ги побара месното население, според министерот Мисајловски, се поставени три канделабри во должина од 300 метри, инвестиција од милион денари.За потегот Требеништа – Велгошти се анализира дали може да се направи нов регионален пат. На жителите им е најавено дека ќе се разгледа дали може да се стави во Програмата за следната година. Проблемот со водоснабдувањето ќе се решава со изградба на пумпна станица за зголемување на дотокот на вода. Почетокот на градба е планиран за следниот месец, а Општина Охрид за таа намена ќе одвои 1,5 милион денари.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски го информираше Груевски дека последните 700 метри од патниот правец Радожда­Ливадишта­Елен камен е асфалтиран, порано од предвидениот рок даден на граѓаните при неодамнешната посета на Радожда. Исто така, рече, се работи и на асфалтирање на преостанатите три километри на делницата од Калишта до Струга, што треба да биде завршено овој месец.Во Радожда се работи и на проекти за колекторскиот систем, за кој средства во висина од околу 8­10 милиони евра треба да се обезбедат од ЕУ, преку ИПА. Доколку не биде одобрен проектот, ќе се оди на варијанта со типски проекти за ваква намена, а потребните 1 милион евра ќе бидат обезбедени од Буџетот.Во Радожда граѓаните побарале и санирање на училиштето, а заменик-минстерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека иако тие барале помала санација, екипи на МОН направиле увид и, иако не било во план, била донесена одлука тоа целосно да се реконструира ­ санитарии, столарија, покрив во летниот период 2017 година.Во струшкиот регион излезено им е во пресрет и на граѓаните на Лабуништа, кои побарале замена на возило за Итна Медицинска помош, а за два месеци ќе почне санацијата на амбулантата во ова село.Во Струга започнува изградба на единечен тениски терен на женска плажа. Се чека одобрение од општината и за краток период ќе се почне со градба. Се очекува теренот да биде готов за три до четири месеци. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го информира Груевски дека наредната година ќе почне и изградба на повеќенаменско спортско игралиште за ракомет, фудбал и одбојка на песок.Градоначалникот на Крушево и министерот Мисајловски претставија активности за реализација на проекти ветени на граѓаните во Крушево и околките општини, а министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, пак, информираше, за активностите на исполнување на барањата на жителите од Бучин за изградба на детска градинка.Спасов истакна дека бил најден погоден објект кој ќе се преадаптира, за што обврска презела општината. Министерството за труд и социјална политика ќе ја опреми градинката. Додаде адаптацијата ќе заврши и градинката ќе биде отворена во во февруари наредната година, со капацитет за згрижување на 25 деца, колку што биле и потребите на граѓаните.Од СДСМ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа дека не е веќе премиер.„Престани да ги злопотребуваш државните институции за твојата партиска кампања! Разбери, државата не е партија! Ги предупредуваме министрите од владата кои му реферираа на Груевски во „Триумфалната порта“ дека ја злоупотребуваат службената положба, што е уште едно кривично дело за кое ќе одговараат! Министрите Спасов, Мисајловски и Канческа – Милевска се платени да ги решаваат проблемите на граѓаните, а не да учествуваат во партиска кампања во работно време“, порачаа од СДСМ./крај/мф/бб

Македонија

„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток

Објавено пред

Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.

„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.

Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди

Објавено пред

Од

Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година.

Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура и заштитата на животната средина.

Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување.

Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат на официјалната веб страница на Општина Илинден ([email protected]), како и во просториите на Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Објавено пред

Од

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши.

dobivaj vesti na viber

Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето.

Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето.

Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно утврдена формула, 50 отсто од порастот на просечната нето плата исплатена од минатата година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот според официјалните податоци од Ддржавниот завод за статистика.

Според објавените податоци, просечната исплатена нето плата бележи пораст од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1 процент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија51 минута

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија1 час

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија2 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија2 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија2 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија3 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија3 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет6 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет7 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет7 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет8 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа8 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет8 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет14 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет14 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет15 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија17 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија18 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...