Забава
Палата слична на Версај продадена за над 100 млн долари
По седум години понуда на пазарот градбата „Флер д’ Лис” во Лос Анџелес, за чијшто урнек е земен славниот париски дворец Версај, конечно е продадена за 102 милиони американски долари со што стана најскапа резиденција кога и да е продадена во округот на Лос Анџелес.
Според американските медиуми, за оваа резиденција којашто се простира на речиси пет илјади квадратни метри и земјиште од повеќе од педесет илјади квадрати, се натпреварувале тројца милијардери, пишува e The Los Angeles Times.
Вилата којашто е изградена во 2002 година ја продала Сузан Саперстејн, којашто ја добила по бракоразводната парница од тексашкиот милијардер Дејвид Саперстејн. Тие се разведоа три години откако беше довршена изградбата на зданието, а Сузан ја ставила на продажба во 2007 година по цена до 125 милиони долари.
И самата бракоразводна парница, како и продадената резиденција, беше една од најскапите во историјата на САД. Дејвид Сатерстејн ја остави Сузана, којашто гласеше за главната светска потрошувачка на висока мода и покуќнина од XVIII век, поради семејната 32-годишна дадилка.
Дизајнирана од американскиот архитект Ричард Робертсон Трети, резиденцијата „Fleur de Lys” опфаќа 35 илјади квадратни метри мермерни ѕидови исполнети со вретоновидниот мебел, во 12 спални соби, 15 бањи и две големи кујни за приготвување храна, сместување за десет членови на послугата, салата целосно во сатен за гледање видео материјали со 50 комфорни седишта, и трособна куќа за обезбедување. Во рамките на резиденцијата има и голема библиотека во којашто има многу вредни книги, како и девет големи гаражи за автомобили. „Со 3.000 квадратни метри, само винарската визба и салонот за дегустација, се поголеми од повеќето скапи домови во Америка”, пишува весникот.
Покрај тоа, куќата изградена во стилот на Версајскиот дворец на францускиот крал Луј XIV, меѓутоа со целиот луксуз кој може да му падне напамет на модерен крал, има и сала за фитнес, базен и тениски терени. Има, исто така, и голема сака за танцување изградена во стилот на Салонот на огледалата (La Galerie des Glace) во Версај. Ѕидовите се од италијански мермер и кожа со златни релјефи, што дополнително го засилува чувството на декаденција, пишуваат американските медиуми.
Продажбата на оваа палата одеше тешко поради годините на рецесијата. Новиот сопственик засега е анонимен, но според LA Times, се шпекулира дека станува збор за „таен француски милијардер”.
Американската реплика на париски Версај, така, го надмина досегашниот рекорд, кога станува збор за округот на Лос Анџелес, кој и’ припаѓаше на изградената во 1932 година „Каза Енкантада” кој аво 200 година беше продадена за 94 милиони долари. Сепак, ова не е и најскапата куќа продадена некогаш во САД. Рекордот во јануари 2013 година беше поставен во Северна Калифорнија, во Силиконската долина, кога имотот од околу 37 илјади квадратни метри беше продаден за 117,5 милиони долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

