Македонија
МВР уверува дека ќе работи само професионално

Министерството за внатрешни работи реагира на соопштението на владејачката партија, во кое се велеше дека наскоро ќе дојде нов министер, легитимно избран, кој ќе се пресмета со сите партиски шефови поставени од техничкиот министер Оливер Спасовски.
„Соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи ги направи нервозни оние кои беа навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала. Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени до кои беа упатени отворените закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат со истата енергичност и посветеност да работат на откривање на криминалите кои во последниве години целосно го уништија кредибилитетот на сите државни институции, вклучително и на Министертвото за внатрешни работи. Министерот Оливер Спасовски ги охрабрува сите вработени во министертвото да продолжат да си ги извршуваат своите работни обврски и задачи, професионално и согласно законите. МВР веќе не е и нема никогаш повторно да биде МВРО-ВМРО“, се вели во реакцијата од МВР./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК извести дека е активен пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума.
Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 24 пожари.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.