Забава
Британците масовно се обложуваат на името и полот на новото кралско бебе
Британците повторно масовно навалија во обложувалниците за да уплатат облози на името, полот, тежината и раѓањето на второто дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.
Откако беше објавено дека бебето ќе се роди кон крајот на април, иако точниот датум на предвидениот термин не е познат за јавноста, илјадници уплати пристигнуваат на виртуелното обложување за сé што може да се поврзе со детето коешто ќе биде четврто во наследниот ред за британската круна.
Обложувалницата „William Hill“ објави дека повеќето облози се дека ќе биде девојченце. „Не знам зошто е така. Најверојатно сите очекуваат да бидат ‘овршено’ семејство“, изјави за Reuters портпарол на обложувалницата Руперт Адамс.
„Добивме два облога по 500 фунти дека ќе се вика Алис, и тоа е голема голема уплата. За слични работи луѓето обично се обложуваат во неколку фунти. За толкав облог на име сé уште не сум слушнал“, додава Адамс.
Алис, најдобро стои кај обложувалниците, а следат Шарлот и Елизабет. Доколку биде момченце, води Џејмс, а следат Артур и Александер.
Војводата и војвотка од Кембриџ, односно принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, го добиај своето прво дете во јули 2013 година. Се роди во лондонската болница „Сент Мери“, со големо медиумско внимание во Велика Британија и во светот.
Се очекува дека и второто бебе на двојката ќе се роди во истата болница, а ентузијасти веќе почнаа да кампуваат пред неа, поставија британски знамиња и сини и розови балони со натписите „принц“ и „принцеза“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.