Македонија
Владата, официјално соопшти дека ги поништила одлуките на Спасовски и на Ременски
Владата за спроведување на изборите, на седницата одржана во четврток, одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои се донесени во периодот од 07.04.2016 година до 14.04.2016 година.
„Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка. Потсетуваме дека на 07.04.2016 година, постапувајќи врз основа на член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои беа донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година, затоа што во законска процедура беше констатирано дека овие акти на наведените министри беа донесени спротивно од членот 46 ставовите 2 и 3, а во врска со членот 47 од Законот за Владата“, се вели во сооштението од Влада.
Појаснуваат дека , по стапувањето на сила на овие владини одлуки за поништување на противзаконските и еднострано донесени правни акти од министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, наведените министри донесле нови незаконски и еднострани правни акти кои се со идентични содржина и цел како правните акти кои Владата претходно им ги поништи и тоа во постапка која е повторно спротивна од Законот за Владата.
Појаснуваат дека согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.
Од Владата тврдат дкеа при носењето на овие еднострани и противзаконски акти наведените министри повторно не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик-министер, не ги консултирале дополнителните заменици-министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти.
Владата повторно наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи.
„Владата на Република Македонија за спроведување на изборите смета дека сите нејзини членови, вклучително и министерот за внатрешни работи и министерот за труд и социјална политика, во рамките на своето делување треба да ги почитуваат законите и очекува во идниот период сите членови на Владата да се водат и да ги почитуваат законските начела и норми, и на тој начин да се придонесе во довербата во изборниот процес и реализација на фер, кредибилни и демократски избори на 5 јуни“, се додава во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

