Македонија
Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. /крај/амсм
Извор: АМСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Протест на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото каде што смртно беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.
Во објавата на социјалните мрежу, граѓаните повикуваат на собирање и блокада на булеварот како израз на револт кон судската одлука.
„Утре, освен што ќе ги ‘бојкотирате’ маркетите, појдете на ‘Партизанска’, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот“, стои во повикот.
Фросина беше прегазена на пешачки премин, на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишниот Васил Јованов.
Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. За 20-годишникот е побаран притвор.
Граѓани вчера положуваа цвеќе и палеа свеќи на местото каде загина студентката по моден дизајн.
Македонија
СДСМ бара максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина: Бараме правда и поголема безбедност на улиците
СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина.
„Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите.
СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот.
Протестите се легитимно право на народот да изрази незадоволство и барање за одговорност од оние што не си ја извршиле својата должност“, велат од опозициската партија.
Според СДСМ, Владата и Министерството за внатрешни работи мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците.
„Не смееме да дозволиме нови трагедии поради институционална небрежност.
Ги повикуваме сите надлежни органи да дејствуваат дејствуваат без одложување и да обезбедат правда за жртвата и нејзиното семејство. Време е за одговорност“, потенцираат од СДСМ.
Македонија
Зголемени утрински температури низ целата држава, максималната денеска до 17 степени
Утрово најстудено било во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка и Лазарополе каде биле измерени 0 степени, 2 било во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 во Штип, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, 4 во Гевгелија, Претор, Велес и Скопје-Петровец, 5 во Тетово, Охрид и Виница.
Наврнат воден талог во изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
4 Пожар – Радовиш, 3 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Струмица, Охрид, 1 Прилеп, Маврови Анови.
Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm)
35 Попова Шапка, 16 Маврови Анови.
Времето денеска
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.