Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, по котлините магла
Сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено попладне вдолж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 3 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 11 степени.Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините. И утре ќе има услови за утринска магла по одделни котлини. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори
На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните.
Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.
На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.
Македонија
Во мај уште еден продолжен викенд
Денеска се одбележува вториот ден на Велигден според православниот календар и е неработен за сите граѓани на земјава.
Овој месец ни престои уште еден неработен ден, а тоа е 24 мај (петок) кога се одбележува „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители.
За граѓаните од православна вероисповед неработен ќе биде 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден.
На 23 мај (четврток) се одбележува Националниот ден на Власите и ќе биде неработен за припадниците на оваа националност, додека 16 јуни (недела) муслиманите во земјвата ќе го слават Курбан Бајрам, а неработен ќе биде првиот ден на Курбан Бајрам.
Македонија
СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината
СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај и да гласаат за Стево Пендаровски за претседател и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
„На 8 мај се одлучува за иднината. Во овој клучен момент државата се наоѓа на крстопат. На една страна е враќање назад кон изолација, конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и внатрешни поделби со ДПМНЕ. А на другата, продолжување напред, кон прогресот и просперитетот на Македонија во ЕУ, со СДСМ и Коалицијата за европска иднина“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив, на 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева прогресивна опција која се вика СДСМ.
„Граѓаните со моќта на својот глас можат да кажат стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби и тензии и да испратат јасна и гласна порака на сите ретроградни сили дека во Македонија живеат прогресивни луѓе, кои сонуваат за подобра европска иднина за себе и своите деца“, завршуваат од СДСМ.