Македонија
ЗНМ: Одлуката за екстрадиција на Божиновски е политички мотивирана
Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) изразува разочараност и загриженост од одлуката на српските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
„Веруваме дека експресната одлука на српските власти за екстрадиција е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Со екстрадицијата Србија свесно го изложува на непотребен ризик новинарот Божиновски иако претходно беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта. Српската влада ќе сноси одговорност ако Божиновски во македонските затвори биде изложен на нечовечки третман“, се вели во соопштението.Од ЗНМ се чудат што Србија како земја која преговара за членство во Европската унија не може да земе во заштита новинар кога повеќе од јасно е дека во матичната држава нема минимални услови за фер судење поради нарушената доверба на јавноста во судскиот систем. „Перверзно е да се екстрадира новинар во земја каде тајната полиција е вмешана во масовно прислушување на нејзините граѓани, а Претседателот на државата го амнестира целиот политички врз на земјата за тешки криминални дела“, се вели во соопштението од ЗНМ. ЗНМ обезбеди правна помош на Божиновски и побара од канцеларијата на народниот правобранител Иџет Мехмети да го посети во затворот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

