Забава
Фотографијата „не е за објавување“ на принцезата Дајана продадена за 18 илјади долари

Фотографијата на починатата принцеза Дајана којашто британскиот таблоид Daily Mirror ја оценил за „пречувствителна“ за објавување, продадена е во петокот на наддавање во САД за 18.306 долари, соопшти аукциската куќа RR Auctions of Amherst.
Фотографијата била откупена од аукциската куќа RR Auctions заедно со фотоархива којашто првично му припаѓала на британскиот таблоид Daily Mirror. Аукциската куќа објави дека фотографијата припаѓала на приватната збрка „Caren Archive“, којашто пред седум години ја преземала целата фотографска архива на Daily Mirror.
Црно-белата фотографија со димензии 20х25 сантиметри е снимена наутро во 1980-те. На неа е принцезата, веројатно во планинска куќичка, се смешка во објективот на фотоапаратот удобно сместена во скутот на непознато момче приближно на нејзина возраст кое чита книга. На снимката стои ознаката „да не се објавува“ (not to be published), а во кадарот на снимката што ја направил анонимен фотограф, исто така, се гледа шише виски „Johnnie Walker“ и трето неидентификувано лице.
Фотографијата од задната страна е датирана со 26-ти февруари 1981 година, односно два дена подоцна откако и официјално беше објавена веридбата на Дајана Спенсер и принцот Чарлс. На снимката стои со фломастер напишана ознаката „да не се објавува“ (not to be published).
Иако на фотографијата нема ништо што би можело да го шокира оној што ја гледа, англиските медиуми оцениле дека не е добро да биде објавена поради тоа што е снимена веднаш по официјалното објавување на венчавката.
„Во меѓувреме медиумите објавија дека момчето на фотографијата е Адам Расел, потомок на поранешниот британски премиер Стенли Болдвин“, додаде аукциската куќа во соопштението, меѓутоа не го наведува идентитетот на купувачот.
Принцезата Дијана и принцот Чарлс се венчаа на 29-ти јули 1981 година. Една година по разводот, во текот на летото на 1997 година, Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сонуван дом, реална добивка – „Доме, сладок доме!“

Секој нов дом почнува со еден сладок сон, а понекогаш и со само еден лоз. Државна лотарија со гордост го претставува инстант лозот „Доме, сладок доме“, кој нуди шанси за парични добивки и можност да се оствари еден од најголемите животни соништа – сопствен дом во Скопје.
Со цена од само 100 денари, секој има шанса да го предизвика сопствениот момент на среќа. Играта е едноставна и брза: се гребат трите добитни броеви и потоа сите 15 полиња на лозот. Доколку еден од твоите броеви се совпадне со некој од добитните броеви, лозот е добитен. Под сјајната површина можеби се крие токму клучот до твојот нов дом.
Главната добивка е стан во нов, модерен станбен комплекс во општина Аеродром, една од најпосакуваните урбани локации во Скопје. Освен становите, лозот нуди и многубројни парични добивки во вредност од 100 до 100.000 денари, што дополнително ја зголемува возбудата.
Во продажба е втората серија од инстант лозот „Доме сладок доме“, а досега од двете серии на оваа инстант игра, веќе има среќни добитници што го остварија својот сон. Луѓе од различни делови на државата, Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Тетово, Кичево, Преспа и Ресен веќе се вселени во своите нови станови. Приказните потврдуваат дека среќата најчесто доаѓа кога најмалку ја очекуваме.
За некого „Доме, сладок доме“ значеше конечно свој кров над глава. За друг, подарок за дете или блиски. Ова не е само игра. Туку вистинска животна шанса, да се почувствува сигурност, стабилност и да се направи голем чекор напред.
Лозот може да се купи на сите продажни места на Државна лотарија низ државата. Ве потсетуваме дека игрите на среќа се форма на забава и треба да се игра одговорно.
(ПР)
Забава
Џон Крајер откри колку заработувал во „Два и пол мажи“

Актерот Џон Крајер, кој го играше ликот на Алан, изјави дека неговата плата во хит-серијата „Два и пол мажи“ била далеку помала од онаа на Чарли Шин.
Додека Шин добивал речиси 2 милиони долари по епизода во последната година пред отказот во 2011, Крајер земал околу една третина од таа сума. Неговата заработка пораснала на 620.000 долари дури по заминувањето на Шин, кога во серијата се приклучи Ештон Кучер.
Откритието стана актуелно преку новиот документарец на „Нетфликс“ „aka Charlie Sheen“, кој ги прикажува бурната кариера и приватниот живот на Шин. Во документарецот Крајер го споредува Шин со диктаторот Ким Џонг-II, поради тоа што, како што вели, неговото „лудо однесување“ му носело се поголеми хонорари.
Се спомнуваат и анегдоти од снимањата, како и изјави од блиски луѓе на Шин, меѓу кои и поранешната сопруга Дениз Ричардс.
Забава
Познат готвач уапсен за три банкарски грабежи во еден ден

Полицијата во Сан Франциско го уапси 62-годишниот готвач Валентино Лучин, осомничен дека истиот ден ограбил три банки во централниот дел на градот. Според извештаите, тој на банкарите им давал ливче со закана да му дадат пари и секојпат успевал да избега со готовина.
Лучин е идентификуван со помош на дојави и приведен без инциденти. Неговата кауција е одредена на 200.000 долари.
Ова не е првпат тој да се соочи со вакви обвиненија – во 2018 година признал грабеж на банка во Калифорнија кога украл над 15.000 долари.
Лучин бил ценет готвач, познат по италијанската кујна и менаџирање ресторани.