Македонија
Европскиот омбудсман за детски прашања: Нема ќебиња и топлина за децата мигранти
Нема ќебиња и топлина за мигрантите, родители со деца спијат ноќе на земја, констатираше Маркус Дулерт, претседавач на Европската мрежа на Омбудсмани за детски прашања кој е во тридневна посета на Македонија заедно со делегација на претставни-ци од СОС Детски села Холандија и повеќе медиуми.
„Денеска ја посетив македонската страна на македонско – грчката граница. Беше многу ладно, а стотици луѓе чекаа на возот. Голем дел од нив беа деца, со нивните родители. Тие беа истоштени, дезориентирани и чекаа веќе два дена спиејќи ноќе на земја, без храна. Кампот не е подготвен за зимската сезона сѐ уште. Луѓето се обидуваат да помогнат, невладините организации и персоналот на кампот се обидуваат да помогнат колку што е можно подобро, со најдобра намера. Има недостаток од ќебиња и од топлина, недостаток од сѐ. Како што можевме да видиме се случува еден вид на хуманитарна криза пред очите на сите европски земји и мисам дека тоа е засрамувачки. Она што е потребно е централизирана координација на Европските лидери за да им помогнат на овие бегалци кои се наоѓаат на Европска почва“, изјави Дулерт.Јулијана Накова Гапо националниот директор на СОС Детско село Македонија, која беше домаќин на посетата на Омбудсманот, во оваа прилика изјави: „Ние во СОС Детско село Македонија сме загрижени за состојбата на децата на бегалците. Посебно во овие временски услови кога студот е најголемата закана за нивното здравје. Се надеваме дека започнатите активности за подобрување на условите во транзитните центри ќе се реализираат во брзо време“.СОС Детско село Македонија делува на терен, пружајќи помош на мигрантите, посебно грижејќи се за децата и мајките со деца, а во Транзитниот центар Табановце извонредно функционира Пријателското катче за деца на СОС Детско село Македонија и УНИЦЕФ, кое секојдневно прифаќа од 150 до 500 деца и деца со мајки, им обезбедува можност за одмор и закрепнување, како и професионална стручна помош од педагози, психолози и социјални работници, пред да го продолжат патувањето./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка
„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра. По камуфлирањето на кусокот на 2.000 тони жито вреден 800.000 евра на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2022 година Компанијата „Тргопродукт“, која е во сопственост на кланот Заеви, добила грант вреден 1,4 милиони евра. Тоа е истата фирма на кланот Зaеви препознатлива под брендот „Мамас“.
Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.
Колку вакви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени?
Дали Љупчо Николовски како тогашен министер интервенирал и им ја возвратил услугата на кланот Заеви за да добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра?
Дали ова е меѓусебен дил на Заев и Николовски и колку вакви злоупотреби со тендери и грантови во нивната коруптивна шема постојат?
ЈО да отвори постапка и да ги истражи случаите.
Николовски како и Филипче се дел од корумпирана структура и дел од криминалните шеми на Заев и се додека СДС не се ослободи од овие компромитирани кадри не може да биде конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност во демократските процеси во државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Министерскиот состанок претставува уште една можност министрите да разменат ставови во однос на донесените одлуки од Самитот на НАТО во Хаг, кои се важни за иднината на Алијансата, како и да разменат мислења за напредокот во зајакнувањето на индивидуалните способности и капацитети за овозможување ефективна колективна одбрана и безбедност.
Во фокусот на дискусиите се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани, вклучително и дестабилизирачките активности на малигните актери и стратешките конкуренти, кои имаат за цел да ја нарушат воспоставената безбедносна архитектура и меѓународниот правен поредок, извести Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На маргините на министерскиот состанок, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, како и да учествува на тематски состанок посветен на Коридорот 8.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).

