Македонија
„Пуч“ не почна, Јанева и Заев реагираа оти Груевски не се појавил како сведок
Судењето за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно не почна, а на новинарите не им беше дозволено да присуствуват на одложувањето.
Како што изјавија лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева официјално судот го одложил рочиштето, бидејќи еден од поротниците не бил дојден поради болест, но и двајцата реагираа на тоа дека судот не го повикал поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е единствен сведок во овој случај.„Денеска не се одржа рочиште затоа што главниот сведок, единствениот сведок во овој случај, Никола Груевски одлучи да не се појави или на судот му беше кажано да не му достави покана. Но, за да биде доволно покриен, наводно бил спречен еден од двајцата поротници да биде присутен иако Законот определува и замена на поротници. Во Македонија право и правда мора да има. Тоа мора да биде конечна цел на нас граѓаните кои живееме во Македонија. По 11-ти декември правната држава ќе се врати во Македонија“, изјави Заев„Рочиштето за ‘Пуч’ се одложи по вина на судот бидејќи еден од поротниците се разболел. Реагирав на таа одлука и реагирав на одлуката да се одложи за 1-ви ноември, бидејќи сметам дека ваков предмете е од итна природа и сметам дека треба да биде насрочен на побрза дата, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост и трпат ограничувања на својата слобода. Исто така, реагирав на тоа дека мојот сведок, Никола Груевски не беше повикан на денешната главна расправа. Судот сметал дека тоа не е потребно на оваа главна расправа“, изјави Јанева.Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.Лидерот на СДСМ е четвртообвинет во овој случај. Првообвинет е Зоран Верушевски, обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“. Заев е обвинет дека го уценувал Груевски со снимките од прислушуваните разговори и барал да бидат одржани избори./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

