Македонија
Спасовски апелира да не се создава паника, нема вооружени групи
Дополнителниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во саботата од полициската станица од Матејче порача да не се создава непотребна паника демантирајќи ги написите во одредени медиуми дека во кумановско имало полиција поради наводно присуство на вооружени групи од Косово
„Синоќа немаше акција, имавме зголелемо присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме и а кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор, овој регион зашто е северен дел од границата, имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница“, рече Спасовски пренесе интернет телевизијата НОВА.
Претходно ноќта кон саботата на повеќе локации беше спроведена полициската операци во областите на Липковско и скопското село Арачиново.
Откако МВР ги демантираше првичните информации на одредени медиуми дека полициската акција која траеше повеќе од два часа била поради вооружена група на македонска територија која се префрлила од Косово, неофицијалните информации се дека на теренот се вршело проверка на повеќе локации во селата во граничниот појас и во неколку други села, поради мигрантската криза.
Медиумите во саботата, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, пренсуваат дека биле спроведувани контроли во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново, каде имало засилени полициски контроли и проверка на неколку локации и претрес на теренот и на неколку напуштени објекти по должина на граничната линија која е прогласена за кризно подрачје, како и дека се приведени неколку лица кои криумчареле бегалци. Според други сознанија, не е приведено ниедно лице./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од полноќ почнува изборниот молк
На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда.
Изборниот молк ќе трае до среда до 19 часот, односно до затворањето на избирачките места.
Се гласа на 3.480 избирачки места.
Утре (7 мај) гласаат иселениците, болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и две раселени лица.
Според Државната изборна комисија (ДИК), за претседателските избори биле пријавени 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори вкупно 1.815.350 гласачи.
За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, се појаснува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги.
Македонија
Апасиев: Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија
На денешниот завршен Народен собир на Левица од Парламентарна кампања, 2024, се обрати претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.
,,AСНОМ е она што сега го возобнувуваме. Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните.
Според Апааиев, Левица не е лажна опозиција и Левица има светла иднина.
,,Оставете ги овие балони што се дуваат, овие максовци кои ќе испарат за година – година и пол. Ние на овие избори очекуваме да влеземе со пратеничка група, а нашиот народ знае дека треба да го даде гласот за Левица!”, порача Апасиев.
Својот говор, Апасиев го заокружи со благодарност до членовите и симпатизерите на Левица.
,,Сакам да ви се заблагодарам најискрено и најчовечки, бидејќи вие сте денес тука – водени од идеали и од каузата што нè обединува. Никој од вас не зеде пари, за да дојде тука на овој заеднички Народен собир на Левица. Никој од вас не го вработивме преку Левица. Сега имаме набљудувачи во рекорден број. Како никогаш досега разваливте на терен. Веќе го надминавме епитетот на мала и фејсбук – партија, затоа се плашат од нас. И има зошто да се плашат!”, додаде Апасиев.
Во однос на класната борба, претседателот Апасиев рече:
,,Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија. И затоа, елајте, браќа и сестри! Елајте, народи и народности! Елајте во Левица, за да го вееме бајракот на слободата!”
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.