Македонија
Соња Верушевска од притвор оди во куќен притвор
По шест месеци во притвор, обвинетата Соња Верушевска, сопруга на поранешниот прв разузнавач Зоран Верушевски, во случајот Пуч, заминува во куќен притвор
Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна поладнево достави решение со кое жалбата на обвинетата Соња Верушевска изјавена преку нејзиниот адвокат, за укинување на мерката притовор се уважува, при што се упатува на куќен притвор.Со тоа решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, се преиначува во мерката притвор против обвинетата Соња Верушевска , определена со решение на судија на претходна постапка од 31 јануари 2015 година, поради основано соменение дека сторила крвично дело „Шпионажа“, се укинува. Воедно на обвинетата, согласно одредбите и се опредлеува мерка куќен притвор во траење од 30 дена , сметано од 24 јули2015 година.На обвинетата и се забранува да го напушта домот, а надзорот за спроведување на мерката куќен притвор и се доверува на МВР, СВР Скопје полициска станица Аеродром.Првоосомничен во случајот „Пуч“ е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство кон претставници од највисоки државни органи.Сопругата на Верушевски, Соња Верушевска е обвинета за помагање при шпионажа, односно дека му ги преведувала на англиски документите на сопругот, додека Бранко Палифров, вработен во општина Струмица е обвинет за помагање при кривичното дело насилство спрема највисоките државни органи.Зоран Заев, лидерот на СДСМ, пак, е обвинет дека со овие снимки пред нивното објавување го уценувал премиерот Никола Груевски да се формира преодна влада, доколку сака да не бидат објавени снимките во јавноста./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

