Забава
Песната за октоподот Паул стана хит на YouTube
Октоподот Паул и по завршување на светското фудбалско првенство не ја загуби популарноста и статусот на ѕвезда, па во негова чест е компонирана и песна која стана мега хит на најпопуларниот видео портал
Октоподот кој се прослави со неговото точно предвидување на натпреварите на германската фудбалска репрезентација на штотуку завршеното светско фудбалско првенство, како и на финалето во кое ја предвиде победата на Шпанија над Холандија, од петокот има и своја песна,. Таа стана вистински хит на интернет и само во првиот ден на YouTube ја преслушале 480 илјади посетители.Композитор на песната е извесен Пери Грип ој претходно имал снимено неколку песнички за животни, како на пример за мачка која јаде шпагети или за јазовичар кој се вози на скејтборд, пишува DPA.Без оглед на интересот кај масите, песната нема некој квалитет бидејќи авторот на едноставен електронски ритам насимил проста мелодија со рефрен „Откподу Пау, те сакаме Тој ги бира победниците додека руча (He picks the winner, When he eats his dinner), што се повторува неколку пати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.