Македонија
Никој не може да влијае врз работата на Специјалниот обвинител
Ниту еден јавен обвинител во Јавното обвинителство, вклучувајќи го и Јавниот обвинител на Република Македонија, не може да влијае на работата на Специјалниот обвинител, предвидува Законот за Специјалниот обвинител кој треба да го изгласаат пратениците во Собранието.
Специјалниот јавен обвинител ќе има целосна автономија и ќе работи на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Обвинителката од Гевгелија, Катица Јанева, ќе треба да ги расветли случаите со прислушуваните разговори коишто ги објавуваше опозицијата, а во кои наводно се вмешани високи функционери од власта.„Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, вклучувајќи го и Јавниот обвинител на Република Македонија, не може да влијае на неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од Јавниот обвинител или јавните обвинители во рамките на Јавното обвинителство“, предвидува предлог законот.Специјалната обвинителка сама ќе ги избере своите соработници, а за функционирањето на обвинителот и неговите соработници ќе бидат одделени средства од буџетот. „Јавниот обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на Јавни обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното обвинителство. Советот ќе ги избере јавните обвинители во Јавното обвинителство на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови, при што има мнозинство од гласови од членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство“, се вели во Законот.Специјалниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за активностите, за напредокот во која било истрага или гонење и ќе има обврска редовно да ја информира јавноста. Предлог законот предвидува обвинителката да има можност да бара меѓународна правна помош. Специјалната обвинителка, како што предвидува предлог-законот, ќе има за 10 отсто помала плата од Републичкиот јавен обвинител.Таа може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолго од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.Новоизбраната обвинителка за која четирите најголеми политички партии постигнаа договор во последен момент, е шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.Таа е едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а има завршено повеќе обуки, меѓу кои висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија. На веб страницата на Антикорупциската комисија е објавен нејзиниот анкетен лист, во којшто на нејзино име има пријавено само возило „5ено 5 кампус“ вредно 4.000 евра, и две трансакциски сметки на кој вкупно има околу 500 евра.Другиот имот е на име на нејзините родители и нејзиниот сопруг. Според неофицијалните информации коишто ги објавија медиумите, Јанева била избрана за специјален обвинител на предлог на меѓународните посредници. Нејзиниот татко бил претседател на Гевгелискиот суд, а од медиумски експонираните случаи таа работела на случајот „Спаска Митрова“./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Таа истакна дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени. За неа, фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано.
Според неа, борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавно-обвинителските и судските.
Сиљановска-Давлова посочи дека ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.
На првиот панел се обратија и амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади и Муамет Реџепи, помошник на министерот за внатрешни работи, презентирајќи свои видувања, податоци и решенија за надминување на еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени.
Во вториот панел се обратија: Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, јавната обвинителка Фатиме Фетаи, судијката Габриела Гајдова, Светлана Цветковска од Mинистерството за социјална политика, демографија и млади и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Секоја од нив, во рамките на својата работа ги детектираше најголемите слабости во справувањето со насилството врз жените, вклучувајќиго и фемицидот, оценувајќи ја позитивно воспоставената соработка со надлежните институции, како гаранција за позитивен исчекор во оваа битка. Сите ја поздравија нововоспоставената платформа Femicide Watch.
Сите учесници беа согласни дека покрај 16 дена активизам, потребно е 349 денови ангажман на сите во справувањето со фемицидот.
Македонија
Левица: Власта повторно го одби амандманот за изградба на домови за стари лица
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, образложи амандман за грижата за старите лица.
Амандманот беше со цел да се наменат средства со што би можеле да се изградат најмалку три државни домови онаму каде што потребата е најголема.
Тој предупреди дека државата целосно го запоставила овој сегмент на социјалната заштита.
„Државните домови имаат само 600 сместувачки капацитети, додека приватните имаат двојно повеќе – 1.200. Луѓето практично немаат избор, освен да посегнат по приватните домови, а пензионерите тоа едноставно не можат да си го дозволат,“ рече пратеникот од Левица.
Листите на чекање се долги, а времето за чекање е од пет до седум години.
„За човек над 65 години, тоа не е малку. Во меѓувреме може и да почине пред воопшто да добие сместување,“ додаде тој.
Исмаил потсети и на европските стандарди, според кои треба да има 20–30 легла на 1.000 стари лица, додека Македонија е далеку под минимумот.
„Оваа јавна услуга постои само на хартија. Ако не почнеме да создаваме капацитети сега, со забрзаното стареење на населението ќе западнеме во уште полоша состојба, со уште подолги листи, уште подолго чекање и уште помалку достоинствена грижа,“ предупреди тој.
Иако проблемот е драматичен, власта сè уште не дава образложение зошто не го прифаќа овој амандманот.
„Доколку овој амандман не се прифати, очекувам барем објаснување од министерот,“ побара Хактан, нагласувајќи дека грижата за старите лица мора да биде во приоритетите, а не заборавена ставка во буџетот.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Шпанија е принципиелен поддржувач на македонските евроинтеграции
Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз.
Ја поздрави посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи преку обнова и интензивирање на меѓупарламентарната соработка.
Сиљановска-Давкова укажа на потребата од создавање на мешовита Група пријатели во шпанскиот Сенат и Конгрес.
Таа препознава недоволно искористен потенцијал за економска соработка којашто може да се регулира со билатерален договор.
Претседателката детално ги образложи државните ставови по однос на интегративниот процес во ЕУ, реафирмирајќи ја посветеноста на земјата на исполнувањето на Копенхагенските критериуми.
Претставниците на шпанскиот Сенат се заблагодарија за разговорот и изразија подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката, како и поддршка во евроинтеграцијата.

