Култура
Промовиран проектот: „Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда“
Делата на сите досегашни добитници на нобеловата награда за литература од денеска и официјално на македонски јазик. Ова е уште еден од низата големи проекти на Владата на Р. Македонија, посветен на издавачката дејност, кој ги опфаќа добитниците на „Нобелова
Делата на сите досегашни добитници на нобеловата награда за литература од денеска и официјално на македонски јазик. Ова е уште еден од низата големи проекти на Владата на Р. Македонија, посветен на издавачката дејност, кој ги опфаќа добитниците на „Нобелова награда за литература“ од 1901 до 2009 година. Тука се делата на: Дорис Лесинг, Орхан Памук, Харолд Пинтер, Елфриде Јелинек, Тагоре, Јејтс, Хименес, Перс, Неруда, романите „Ѓаволот седи во огледало“ на Херта Милер, „Златната рипка“ на Ле Клезио, „Сто години самотија“ на Маркез, „Патници во колесницата“ на Вајт; драмите на Метерлинг, Хауптман, Бенавенте, Шо. „Со сигурност можам да забележам дека „Преводот на дела на добитници на Нобелова награда за литература” докажа дека македонскиот литературен јазик има богата лексика и синтакса, со кои може да се изразат и најсуптилните човекови чувства и мисли. Уверена сум дека реализацијата на едицијата „Нобеловци” претставува највисок можен комплимент за изразните можности и за богатството на македонскиот јазик“ истакна министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. На проектот работеа истакнати преведувачи од Македонија. Академик Влада Урошевиќ, потенцираше дека со проектот „Нобеловци“ Македонија се отвора кон светот, прифаќајќи го предизвикот да преведе дела стилски и естетски влијателни. На тој начин, потенцираше тој, даваме можност да се збогати нашиот македонски јазик, кој станува конкурентен и со останатите светски јазици. За проектот „Нобеловци“, Владата издвои 32 милиони денари. „Ваквите големи литературни дела се отворена можност за премостување на сите бариери и запознавање и прифаќање на различните култури во светот“, истакна премиерот Груевски на денешната промоција на проектот „Нобеловци“. Тој дополни и дека Владата донела одлука за превод на уште 550 дела од ѕвездите на светската литература, како и за превод на дополнителни 500 учебници од престижните Универзитети во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.
Култура
Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“
Денеска се распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година.
Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.
Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура на следните линкови:
Државна награда „11 Октомври“ – https://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/odluka-3.pdf
Државна награда „22 Ноември“ – https://kultura.gov.mk/22-%d0%bd%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8/
Култура
Мајските оперски вечери немаат никакви примеси на економски ниту политички стремеж, организаторите го најавија 52-рото издание
Мајските вечери немаат никакви економски ниту политички стремеж, еден ваков уникатен собир ќе го обележи и Скопје и Македонија, соопштија организаторите на прес-конференција.
„Оваа манифестација датира од крајот на 60-тите години. Тогаш имало криза со публика, која не била изразена само во Скопје. Во првите години мајските оперски вечери се празни, но со текот на годините заинтересираноста расте“, изјавја организаторите.
Како што велат оттаму, ова е еден од најголемите фестивали во регионот и со квалитетна програма сите овие години.
„Оваа година ќе има екслузивна програма. Очекуваме одлични резултати“, додаваат оттаму.
Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). Диригент ќе биде Енрико Довико (Италија), сценографијата ја работи реномираниот Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова.
Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена и изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.