Македонија
Началникот на ГШ на АРМ во посета на поплавените подрачја во тетовско

Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, во среда ги посети загрозените подрачја во тетовско кои беа погодени од поплавите во понеделникот.
Котески беше придружуван од заменикот на министерот за одбрана на Република Македонија, Иљми Селами, заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Мухамет Рацај и заменикот на командантот на 1. Механизирана пешадиска бригада, полковник Велин Стојановски.
За време на посетата во Мала Речица и Шипковица се согледа состојбата на настраданите подрачја и можноста за ангажирање на дополнителни сили од АРМ за расчитување на штетите од поплавите.
Во текот на изминатите два дена во најзагрозеното подрачје во Тетово и тетовско, Шипковица, четириесетина припадници на АРМ од гарнизонот Тетово, заедно со локалното населени работат на отстранување на последиците од поплавите. Во ова село припадници на армијата со службени кучиња се ангажирани и во пребарување на теренот за пронаоѓање на девојчето кое исчезна во текот на поплавите.
Покрај ова во загрозените подрачја од страна на АРМ се ангажирани и инженериски машини и цистерни со вода за пиење за локалните жители.
Во текот на наредниот период е можен ангажман на припадници на АРМ и инженериска механизација во селото Порој, тетовско за изградба на мост. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.