Македонија
Кривичниот суд ги отфрли жалбите на обвинителите, „бомбите“ не се докази
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги отфрли жалбите на обвинителите и ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка со којашто прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат“, соопштуваат од Судот.Оваа одлука на кривичниот следува откако Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.Кривичниот суд ги отфрли прислушуваните материјали како докази бидејќи биле незаконски прибавени, на барање на адвокатот на премиерот Никола Груевски. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лефков: Илире Даути нема морален кредибилитет да ја води комисијата
Не е важно кој покренал интерпелација и која била темата или причината, важно е дали е прекршен Деловникот за работа на Собранието или не е, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање во однос на интерпелацијата за Претседателката на Комисијата за социјални работи и демографија на млади, Илире Даути.
Лефков посочи дека пратениците со гласање донеле одлука дека е прекршен Деловникот и дека од тој момент претседателката повеќе нема морален кредибилитет да ја води комисијата.
„Никој не го оспорува правото на опозициската коалиција предводена од ДУИ да си предложи нов Претседател и сигурни сме дека коалицијата СДС-ДУИ-Левица ќе го подржат новиот предлог, како што често пати ја координираат опозициската активност во Собранието“, рече Лефков.
Македонија
Лефков: До кога СДС ќе глуми дистанцирање од ДУИ, никој не им верува додека не се извинат што му дозволиле на Груби да прави криминал
„До кога СДС ќе глуми дистанцирање од ДУИ? Никој не им верува додека не се извинат што му дозволиле на Груби да прави криминал. Попусти се обидите на Венко Филипче да глуми дистанцирање, кога тој е виновен што криминалот на ДУИ воопшто беше можен. СДС со години опстојуваше на власт токму заради тоа што му дозволија на Груби да краде. СДС свесно дозволија Груби да прави што сака, само за да не паднат од власт“, вели Миле Лефков на ВМРО-ДПМНЕ.
„Обидите сега да се дистанцираат од ДУИ се бледи и неискрени. Доколку СДС навистина сакаат некој да им верува дека се дистанцираат од ДУИ најпрвин нека се извинат јавно што со години овозможија Артан Груби да прави криминал, знаеја за неговиот криминал и не реагираа, само за да останат на власт. Се додека СДС отворено не признаат што правеле со Груби, се дотогаш народот нема да им верува ниту збор, затоа што се што кажуваат лажат, со желба некогаш пак да го повторат истото“, посочува Лефков и додава:
„СДС има избори, или целосно ќе се оттргне од ДУИ или ќе продолжи да тоне“.
Македонија
Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково.
Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Плетвар, Тетово – Попова Шапка.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.